Турката владејчака Партија на правдата и развојот го избра министерот за надворешни работи Ахмет Давутоглу за претседател на Владата. Одлуката следи откако досегашниот Реџеп Таип Ердоган беше избран за претседател ан Турција, а функцијата е предвидено да ја преземе на 28 август.
Ердоган ја соопшти одлуката по состанокот на Партијата на правдата и развојот во Анкара. Давутоглу ја извршува министерската функција од 2009 година.