Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Де Керсмакер: Не е можно решение за Украина без Киев и без ЕУ

0
By Marija Todorovska on February 18, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во сегашниот момент на почетокот на исклучително важниот мировен процес за Украина, факт е дека не е можно решение без Украина и без Европската Унија, порача денеска заменикот главен портпарол на Европската комисија, Стефан де Керсмакер.

Мислам дека е многу јасно какво е местото на Украина и Европската Унија во овој процес. Не може да има праведен и траен мир за Украина без Украина и не може да има праведен и траен мир за Украина без ЕУ. Ова е прашање што се однесува на безбедноста на Украина и на Европската унија и со нашите партнерите работиме кон постигнување праведен и траен мир, рече Де Керсмакер, во одговор на прашањето за ставот на ЕУ по однос на пораки дека нема место за Унијата на преговарачката маса за ставање крај на конфликтот во Украина.

Според него, на различните состаноци на кои се говори за Украина во кои учествуваат и претставници на ЕУ, треба да се гледаат како дел од процесот за мировни преговори.

Ова е тековен процес заедно со нашите партнери и се разбира на крајот резултатите од овие состаноци треба да се соберат, за да видиме како ќе ги движиме работите напред за да ја постигнеме целта на која работиме со Украина и со нашите партнери за да имаме праведен мир, додаде Де Керсмакер.

Тој потенцира дека во објавата по вчерашната средба со дел од европските лидери во Париз, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта се обврзаа на континуирана и стабилна поддршка за Украина се додека не се постигне сеопфатен и траен мир.

 Тие, исто така, изразија подготвеност Украина да се доведе во посилна позиција пред какви било идни преговори и да се создадат услови Украина да добивање силни безбедносни гаранции, рече Де Керсмакер, додавајќи дека во објавата е истакната и подготвеноста за забрзување на процесот за пристапување на Украина во Европската Унија.

Портпаролката на ЕК за надворешни работи и безбедносна политика Анита Хипер, од своја страна, истакна дека Русија е агресор во Украина и таа мора да плати за она што го направи, а за да се обезбеди тоа потребно зајакнување на украинската позиција.

Тоа значи повеќе муниција, повеќе оружје, поголема одбрана. Путин го разбира само јазикот на моќта, така што тоа е нешто што ќе треба да го направиме и го правиме заедно. Русија е закана не само во Украина, туку и надвор од Европа, така што треба да ја запреме Русија, додаде Хипер.

ЕУ Украина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025

„Истрага“: САД побарале оставка од Високиот претставник во БИХ, но тој одбил затоа што „Берлин одлучувал за него“

November 1, 2025

Мадуро: Ја измислија трговијата со дрога за да ни ја украдат нафтата и гасот

November 1, 2025

САД: Укинувањето на монетите од еден цент носи забуна кај трговците на мало во Америка

November 1, 2025
ФОКУС

Локални избори 2025: Почна гласањето за вториот круг

ВЕСТИ November 2, 2025

Утрово во 7 часот почна гласањето за вториот круг од осмите локални избори од осамостојувањето…

Нови Сад: Денеска комеморативен собир по повод годишнината од падот на настрешницата на железничката станица

November 1, 2025

Почнува гласањето во вториот круг од локалните избори, се изјаснуваат болните и затворениците од 32 општини и Градот Скопје

November 1, 2025

Пекинг до САД: Кинеското повторно обединување со Тајван е незапирливо

October 31, 2025
ТИКЕР

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025

„Истрага“: САД побарале оставка од Високиот претставник во БИХ, но тој одбил затоа што „Берлин одлучувал за него“

November 1, 2025

Мадуро: Ја измислија трговијата со дрога за да ни ја украдат нафтата и гасот

November 1, 2025

САД: Укинувањето на монетите од еден цент носи забуна кај трговците на мало во Америка

November 1, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.