Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Дебата – Добивање дете со помош на сурогат мајка

0
By Нова ТВ on January 20, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, January 20, 2014 15:19

Министерството за здравство денеска почна серијал дебати на тема „Концепт за изменување и дополнување на Законот за биомедицински потпомогнато оплодување заради воведување на можноста за добивање дете со помош на сурогат мајка“ кој се одржа на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство – Скопје.

Станува збор за концепт многу широко дебатиран во светот, кој не е воведен во Германија, Франција, но е воведен во Англија, САД, Холадија, Белгија, Русија, Канада итн.

Министерот за здравство Никола Тодоров истакна дека имаат предлог-концепт на закон кој сакаат длабински да го издебатираат со стручната јавност, но не само од медицински туку и од правен, етички и семеен аспект.

– Има два концепти на сурогат мајчинство-алтруистичко и комерцијално. Ние предвидуваме еден подвид на алтруистичко сурогат мајчинство и да можат да бидат исплатени определени трошоци на сурогат мајката кои се поврзани со нејзиниот живот за време на сурогат мајчинството односно трошоци поврзани за правилна исхрана, за лекување, прегледи итн. Имаме ограничување предвидено во концептот за висината на овие трошоци кои не може да бидат повисоки од една просечна плата исплатена месечно во стопанството во Македонија, издвојувајќи ги тука трошоците за преглед или за породување, рече Тодоров.

Тој појасни дека сурогат мајката има право да избере дали ќе се прегледува во приватна или во јавна здравствена установа и зависно од тоа трошоците треба да бидат покриени од страна на брачните другари.

– Подносител за сурогат мајчинство може да бидат само маж и жена кои се во брак и се државјани на Македонија, кои поминуваат еден период на психолошко и правно советување за целиот процес. Како мајка на детето се запишува жената која го има поднесено барањето за сурогат мајчинство. Има предвидено само еден исклучок од тоа-само во случај на смрт на двајцата подносители на барањето (мажот и жената) за сурогат мајчинство и само тогаш сурогат мајката има право да се запише како мајка и има родителско право и остварување на ова право согласно законот, додаде Тодоров

Учесниците на дебатата – стручни лица, експерти го поздравија почнувањето серијал дебати за разгледување на концептот за добивање дете со помош на сурогат мајка.

Тие укажаа дека треба да се прецизира горната старосна граница на жената која може да биде сурогат мајка, и дека треба да и се остави доволно време таа да размисли пред да одговори на барањето за сурогат мајчинство итн.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Албанија ита кон ЕУ – на масата на обврските ѝ се 700 реформи

April 10, 2026

Штрајк во Луфтханза – откажани летови и хаос за илјадници патници

April 10, 2026

На косовската претедателка Османи ѝ заврши мандатот

April 4, 2026

Израел воведе смртна казна што ги таргетира Палестинците, но не и Израелците

March 31, 2026

Вучиќ прогласи победа на локалните избори 

March 30, 2026
ФОКУС
April 9, 2026

Руте: Трамп е во право за Гренланд

ВЕСТИ April 9, 2026

Генералниот секретар на НАТО Марк Руте изјави дека се водат преговори со САД, Данска и…

Стартува новиот систем за влез во ЕУ – од утре повеќе чекање на нејзините граници

April 9, 2026

Израел на над 100 локации го нападна Либан – стотици мртви и ранети

April 8, 2026

Пакистан го објави примирјето меѓу Иран и САД

April 8, 2026
ТИКЕР

Албанија ита кон ЕУ – на масата на обврските ѝ се 700 реформи

April 10, 2026

Штрајк во Луфтханза – откажани летови и хаос за илјадници патници

April 10, 2026

На косовската претедателка Османи ѝ заврши мандатот

April 4, 2026

Израел воведе смртна казна што ги таргетира Палестинците, но не и Израелците

March 31, 2026

Вучиќ прогласи победа на локалните избори 

March 30, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.