Јавна расправа за ефектите од примената на Законот за минерални суровини врз животната средина и економијата организира денеска собраниската Комисија за економски прашања.
Измените на Законот се на дневен ред на 32. седница и се носи по скратена постапка, а поднесен е од неколкумина пратеници од владејачкото мнозинство.
Целта на измените е да се забрани користењето на цијаниди, дулфурна киселина и други опасни супстванции во текот на геолошките истражувања, експлоатацијата и преработката на минерални суровини во рударството заради заштита на животната средина и здравјето на вработените и локалното население.
Во исто време Македонската асоцијација за рударство (МАР) на прес конференција обвини дека со ова практично ќе се затворат трите рудници за олово и цинк, Саса, Злетово и Тораница.