НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Дебата за лажни вести: Со ситни пари се врши голема манипулација на луѓето

0
By Нова ТВ on March 6, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Ситуацијата со креирањето и пласирањето лажни вести чија примарна цел е контрола со размислувањето на луѓето е загрижувачка. Еден од главните проблеми е што трошоците за креирање на овие дезинформации се исклучително мали. Она што е клучно во борбата против лажните вести е нивно брзо идентификување. За таа цел потребни се здружени напори, ефективна соработка на државните институции со граѓанскиот сектор, со медиумите, со образованието и со бизнисите кај кои ќе се поттикнува и користење на најдобрите практики и соработка со партнери од странство.

Ова се дел од пораките што попладнево беа испратени од говорниците на панел дискусијата на тема „Штетното влијание на дезинформациите“ во организација на граѓанската асоцијација МОСТ. Меѓу нив беа и претседателот, Стево Пендаровски, и амбасадорката на САД Кејт Бернс.

Интернетот и социјалните медиуми овозможија неверојатна плурализација на медиумската слика на национално и на глобално ниво, можност и маргинализираните да станат видливи. Технолошкиот развој и дигитализацијата овозможија достапност на дигитални платформи кои се лесни за работа, но истата таа технологија, како што нагласи шефот на државата Пендаровски, овозможува и брзо ширење на дезинформациите и мултиплицирање на нивното дејство, создавање на алтернативна реалност од дезинформации во кои се губи вистината.

„Веќе со години на глобално ниво се познати трендовите на пораст на лажните вести и дезинформации, појавата на фабрики на „тролови” односно, лажни профили кои симулираат дебата за одредена тема која е од корист за одредена политичка или бизнис организација, како и недостаток на проверка на факти во содржините кои се објавуваат. Последниве години започнаа дебати и за влијанието на социјалните медиуми врз изборите во различни земји, отворајќи го прашањето за улогата на социјалните медиуми во развојот на демократијата“, рече Пендаровски.

Сведоштво за тој феномен има и во најновата криза со појавата на корона вирусот. Светската здравствена организација од самиот почеток апелираше на информирање од меродавни извори, нагласувајќи дека постои и епидемија на лажни вести.

„Наша обврска е да развиваме свест дека технологијата треба да се користи за јавното добро, на лажните вести да одговоривме со повеќе образование, со развивање на критичка свест кај сите возрасни категории и да дадеме поддршка на граѓанските иницијативи кои работат на медиумска писменост“, рече Пендаровски.

 

Американската амбасадорка, Кејт Бернс, порача дека овој настан се организира во вистинското време имајќи го предвид текот на настани, неминовното членство на Северна Македонија во НАТО, претстојните избори, и проблемите со корона вирусот.

„Дезинформацијата за нас е приоритет во нашите напори да дадеме поддршка на Северна Македонија во реализацијата на евроатлантските аспирации преку комбинација на програми, пораки, интеракции низ земјата се обидовме да кренеме црвено знаме на начинот на кој дезинформациите ако не се проверат ја нарушуваат довербата во јавноста не само кај владата или во институциите, туку и во самото општествено ткиво“, рече Брнс.

Според неа, вистината не е релативна за фактите не се преговара. „Можеме да дебатираме за мислења и секогаш мора да бидеме отворени и транспарентни и да имаме таков јавен дискурс. Не може да има простор за целосно измислени теории на заговор или очигледни лаги. Јавната безбедност може да биде загрозена и животите да бидат изложени на ризик. Оние кои ги користат социјлните медиуми, порака до вас – секогаш треба да биде размислете пред да кликнете и проверете пред да споделите“, рече Бернс.

Оцени дека друг поопасен вид дезинформации се делумните вистини, посочувајќи дека тие се особено подмолни бидејќи се проектирани да ги намамат луѓето, од кои голем дел од нив не читаат понатаму освен првата реченица пред да ги споделат.

„Не дозволувајте профитот да ви го наруши судот. Не се прават лесни пари од ова. Цената ја плаќа целата заедница и целата држава. Веб портали кои промовираат дезинформации често пати финансирани од надвор, исто така, играат улога овие дезинформациии, полувистини, и пристрасни информации да изгледаат веродостојни“, рече Брнс.

Румена Филипова е истражувач при Економската програма на Центарот за проучување на демократијата во Бугарија. Нејзиниот примарен фокус е истражувањето на руското медиумско, политичко и економското влијание во Централна и источна Европа. Претворањето на информациите во оружје, според неа, е за да се подели, совлада и деморализира населението. Промената во размислувањето на населението е главната посакувана цел.

„Во поглед на целите на дезинформациите од Русија фокусот е на ревидирање на меѓународниот либерален поредок воспоставен по 1990 година и зголемувањето на довербата во северноатлантското движење. Тие генерални стратегии, наративи, инструменти се повеќе се прилагодуваат локално“, вели Филипова.

Рускиот фокус во регионот, според неа, е врз капитализирање на демократскиот дефицит што несомнено ги оптоварува земјите.

„Тие го зголемуваат економското присуство во важни сектори, банкарството, енергетиката, недвижнини. Користејќи го тој пробив може да креираат мрежа на скриени влијанија преку новинари, бизнисмени кои ги промовираат нејзините интереси“, вели Филипова.

Виктор Даукшас има повеќе од 13 години искуство во развој на онлајн технологиите. Во последните три години е на чело на иницијативата Дебанк. Според него главниот проблем се малите трошоци за креирање на дезинформациите.

„Се креираа фабрики на тролови во кои работат повеќе од 1.000 лица. Работеа од осум до пет, пишувајќи постови, коментари, лажни статии. Еден трол може да биде засилен со стотици или илјадници ботови. Најголемиот дел од луѓето не може да разберат од каде доаѓаат тие споделувања, лајкови, коментари, како информацијата била споделена преку разно разни групи“, рече Даукшас, нагласувајќи ја нерамнотежата во финансиските средства со примерот на 20.000 веб страници кои постираат дезинформации, а за тоа генерирале приход од 235 милиони долари од програмско рекламирање.

Истражувањата покажуваат дека во 2017 имало 28 земји кои биле нападнати со дезинформации, а во 2019 имало 70 такви земји.

„Трендот расте и во идина проблемот ќе ескалира. Она што е добро е што имаме се повеќе организации кои работат на проверка на фактите и разоткривање на лажните вести. Но, она што е негативно е што нема кординација меѓу нив“, рече Даукшас.

дебата лажни вести
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.