Вечерва на репертоарот на Фестивалот на европскиот филм Cinedays е дебитантскиот филм на Мирјана Карановиќ. Во филмот „Добра сопруга“ таа е се, режисер, сценарист и ја игра главната улога. Дебитантскиот филм на познатата српска актерка Мирјана Карановиќ е вечерва на Cinedays во кино Фросина.
Во кино Милениум се најновите филмови на Томас Винтерберг и Вернер Херцог, а на програмата се и музичкиот документарец за Битлси на Рон Хауард и филмот посветен на модниот свет, „Првиот понеделник во мај“ кој прави хроника на неколкугодишните подготовки за модната изложба инспирирана од Кина и го отсликува секојдневието на Ана Винтур.
Вечерта завршува со мултимедијален моден перформанс на Лудус.