Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Дедото на Тамара доби условна казна за нелегално поседување на оружје

0
By Нова ТВ on April 11, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Љупчо Стојановски дедото на малата Тамара призна дека незаконски го поседувал оружјето кое го вперил кон екс министерот за здравство Никола Тодоров. За ова дело,  тој  доби условна казна затвор од 2 години, кои нема да ги одлежи доколку 5 години не стори кривично дело.

Стојановски не призна вина за обидот за убиство и за ова дело почна одвоен судски процес. Во воведниот говор адвокатката на Стојановски, Павлина Зефиќ рече дека дедото на Тамара немал намера да пука кон екс министерот, туку  целта  била да го искористи настанот – примопредавање на функцијата во Министерството во здравство на кој знаел дека ќе има и медиуми и да испрати порака до државните власти дека треба да обезбедат услови за живот на сите болни деца.

„Не станува збор за обид за убиство како што го претставува обвинителството, туку само за заплашување за да не се случуваат повеќе смртни случаи  како Тамара“, рече Зефиќ.

Според адвокатката на Стојановски, тие во текот на судскиот процес ќе се обидат да докажат дека пиштолот испукал кога некој од присутните му ја турнал раката на Стојановски.

Никола Тодоров како оштетен кажа дека го забележал Стојановски кога се качувал по скалите во Министерството за здравство.

„Кога стасав до последната скала, обвинетиот ми се доближи, го впери пиштолот на 30 сантиметри од мојата глава и испука без предупредување“ рекол Тодоров на сведочењето, а пренесе Телма.

На денешното рочиште сведочеше и шоферот на Тодоров и двајца членови на обезбедувањето на екс министерот.

Следното рочиште е закажано за 18 април, кога треба да сведочат таткото и братучетката на Тодоров. Тие  разговарале со Стојановски на 1 јуни лани кога тој го барал екс министерот во неговиот дом.

 

 

 

дедо обид за убиство судење Тамара Тодоров
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.