Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Дехари и Кадриу: Нема докази дека Груевски бил дискриминиран

0
By Нова ТВ on November 8, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, November 8, 2018 12:24

Двајца членови на државната Комисија за заштита од дискриминација напишаа издвоено мислење по повод одлуката со која Комисијата констатира дека врз осудениот пратеник Никола Груевски била извршена дискриминација во постапката за предметот „Тенк“. Како што Комисијата претходно утврди, Основниот суд Скопје 1 и судијката Добрила Кацарска извршиле дискриминација врз Груевски со непочитување на правото на фер постапка.

Членовите на Комисијата, Ирфан Дехари и Беким Кадриу, пак, велат дека ваквата одлука е политичка.

Во издвоено мислење  тие наведуваат дека одлуката е донесена на седница во понеделник (5 ноември 2018), а не во четврток кога вообичаено се одржуваат седници.

Веројатно, наведуваат тие, мнозинството се брзаше да донесе мислење во полза на подносителот.

„Во мислењето на мнозинството, проблематична е особено основата на дискриминација. Дискриминацијата секогаш се случува врз некоја основа, како етничка припадност, пол, род, попреченост, сексуална ориентација, возраст, семеен статус, здравствен статус и сл. Мнозинството на Комисијата за заштита од дискриминација смета дека постои директна дискриминација врз основа на „личен и општествен статус“ на подносителот на претставката…“ пишува во издвоеното мислење каде се додава дека сепак, мнозинството со ништо не докажува дека поради таквиот „статус“ Груевски има понеповолен третман.

Овој „статус“, наведуваат Дехари и Кадриу, мнозинството во Комисијата само го користи за да утврди дискриминација знаејќи дека нема друг основ.

Државната Комисијата за заштита од дискриминација со која претседава Александар Даштевски од ВМРО ДПМНЕ утврди дека Никола Груевски бил жртва на директна дискриминација од страна на Основниот суд Скопје 1 и судијката Добрила Кацарска, во процесот „Тенк“ во кој Груевски е осуден на две годишна казна затвор.

Претставката до Комисијата ја поднел Груевски. Комисијата соопшти дека утврдила директна дискриминација врз Никола Груевски од член 6 став 1, а врз основа на личен и општествен статус како поранешен претседател на Влада на Република Македонија и поранешен претседател на политичка партија од член 3 во областа на правосудство и управа со член 4 од законот за спречување и заштита од дискриминација, што како последица имало одземање односно нарушување и ограничување на еднакво признавање на правото на правично судење како основно човеково право од страна на судијата Добрила Кацарска од Основниот суд Скопје 1 Скопје“ пишува во одлуката на Комисијата.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026

И Данска се милитарилизира – воведува нова 11-месечна воена

August 4, 2026

Уште двајца починаа од повредите во ресторан во главниот град на Русуија – експлозивот бил завиткан како роденденски подарок

August 2, 2026
shortcut
ФОКУС
August 7, 2026

  Триста илјади жртви на злоупотреба во француските цркви

ВЕСТИ August 7, 2026

Папата Лав XIV ќе се сретне со жртвите на злоупотреба од страна на свештеници за…

Јаневска: Во септември ќе има 4.900 првачиња помалку од лани

August 6, 2026

Украинците за прв пат користат роботи во борба: ги спуштија зад руските линии со дрон

August 4, 2026

Илинден 1903 – АСНОМ 1944

August 1, 2026
ТИКЕР

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026

И Данска се милитарилизира – воведува нова 11-месечна воена

August 4, 2026

Уште двајца починаа од повредите во ресторан во главниот град на Русуија – експлозивот бил завиткан како роденденски подарок

August 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.