Велика Британија чека на подготвеноста на Енди Мареј за клучниот натпревар во двојки во сабота од Дејвис куп против Хрватска.
Мареј го мачи повреда на грбот по победата над 16-годишниот Борна Чориќ, пред Иван Додиг да го победи Дан Еванс за израмнување на натпреварот на 1-1.
Мареј треба да биде партнер на Колин Флеминг, но Џони Мареј е исто така на готовс поради неизвесноста со подготвеноста на Енди.
„Двојките не почуваат се до попладневните часови, а тоа ни дава доволно време да направиме проценка“, изјави капитенот Леон Смит.
Британскиот рекет број 1, кој се повлече од Франција Оупен годинава поради повреда на грбот, се чини повторно се соочува со истата повреда.
„Мојог грб е помалку воспален. Промената на подглогата значи тешка адаптација, но по неколку натпревари ќе имам шанса да се одморам така да сакам само да победиме овој викенд“, изјави Мареј по победата со Чориќ.
Со изедначен резултат, двојките во сабота ќе одлучат кој тим ќе има предност за сингл-натпреварите во недела.