Србија против Франција и Јапонија, а Хрватска со Шпанија и Русија. Ова се само две групи (А и Б) од шесте на завршниот турнир во реформираниот Дејвис што беа одредени со ждрепка попладнево во Шпанија.
Во групата Ц ќе играат Аргентина, Германија и Чиле, групата Д ја сочинуваат Белгија, Австралија и Колумбија, во групата Е се најдоа Велика Британија, Казахстан и Холандија и во групата Ф завршија САД, Италија и Канада.
Победниците од секоја група ќе продолжат во четврт-финале, фаза во која ќе има место и за двата најдобри второпласирани тима
Оваа година за првпат во историјата на Дејвис купот ќе се игра еднонеделен турнир со 18 репрезентации. Натпреварите ќе се играат во салата „Магична кутија“ во Мадрид од 18 до 24 ноември, бранител на титулата е селекцијата на Хрватска.
Ждрепка за завршниот турнир во Дејвис купот 2019
Група А: Србија, Франција, Јапонија
Група Б: Хрватска, Шпанија, Русија
Група Ц: Аргентина, Германија, Чиле
Група Д: Белгија, Австралија, Колумбија
Група Е: Велика Британија, Казахстан, Холандија
Група Ф: САД, Италија, Канада