Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Деканите на ФИНКИ и ДИФ: Не е ова контрапротест, ние припаѓаме на УКИМ

0
By Влатко Чаловски on December 14, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, December 14, 2015 15:22

Деканите на факултетите кои се предвидени да се градат во кампусот на УКИМ, велат, денеска со своите студенти се појавиле на местото кое им припаѓа, бидејќи и тие се дел од Универзитетот.

Професорите Вујица Живковиќ и Иван Чорбев отфрлаат дека денес се појавиле на контрапротести.

– Не направивме контрапротести, денеска имавме еколошка акција во која се обидуваме да засадиме што повеќе дрвја, на некој начин компензација за оние што мораа да се отсечат за да се изгради зграда на ФИНКИ, такво ветување дадовме неодамна на трибина, вели проф. др. Чорбев.

Живковиќ пак, вели, дел од професорите на Факултетот за физичка култура и студентите се дојдени по сопствена желба, за да си ги подобра условите во кои работат, односно студираат.

– Толку бевме нестрпливи што, како и претходно што најавивме, денеска садевме. Овде професорите и студентите дојдоа сами, со желба да си ги подобрат условите. Факултетот за физичка култура (ФФК) 55 години опстанува во енормно лоши услови, изјави проф. др. Живковиќ.

Во однос на местото каде што е предвидено да се изградат зградите, тие велат дека не се целосно запознаени со планот и проектот, но дека тие поминале низ неколку филтри.

– Можам да ви кажам дека целата процедура трае подолго време и покриени се сите законски и универзитетски процедури. На наставно-научните совети на факултетите беше изгласана потребата од изградба на зграда. Тоа е поминато и низ ректорската управа и низ Сенатот на УКИМ, дополни деканот Чорбев.

Првите луѓе на двата факултети нагласија дека денешната акција на садење дрвја е симболика дека тие овде припаѓаат, а како што нагласи деканот на ФФК, нивниот факултет не е донесен од денакде туку тие отсекогаш биле дел од овој универзитет.

– Ние се бориме да бидеме еднакви со сите. Ние сакаме да бидеме еднакви со сите бидејќи ние припаѓаме на овој универзитет. Дојдовме на универзитетот каде што е нашето место. Ние припаѓаме на УКИМ, ние сме биле дел од УКИМ и секогаш ќе бидеме УКИМ, потанцираше тој, образложувајќи дека се непотребни негодувања бидејќи не се гради трговски центар или фабрика.

Во однос на тоа дали ФИНКИ е за барок, деканот Чорбев вели тие побарале техничка спецификација само на внатрешноста од зградата и за опременоста и никогаш не дискутирале за надворешноста, ниту било побарано од нив да дадат такво мислење.

– Нам ни е битно да добиеме елементарни услови за работа, порача Чорбев.

За време на акцијата, Студентскиот пленум и МО „Мугра“ скандираа кон своите колеги да разговараат и заедно да најдат решение за ситуацијата, со образложение дека тие не се против градењето на факултети туку дека истите се градат набрзина и на несоодветно место.

Професорите и студентите од ФИНКИ и ФКК се појавија во кампусот на УКИМ непосредно откако утрово започна блокадата на Ректоратот од страна на Студентскиот пленум и Младинската организација Мугра, револтирани од започната изградба.

Во кампусот беше забележливо и минимално присуство на полицијата.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

Ризик од нов бран поскапувања на храната: Што може да се очекува во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026

Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

October 20, 2026

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

Ризик од нов бран поскапувања на храната: Што може да се очекува во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026

Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

October 20, 2026

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.