Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Дел од барањата на осумте пратеници ќе бидат во уставните амандмани

0
By Соња Петрушевска on October 29, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, October 29, 2018 17:47

Министерката за правда заедно со правни тимови на Владата ќе ги пишуваат нацрт амандманите во кои ќе бидат инкорпорирани и дел од барањата на осуммината пратеници од независната пратеничка група на ВМРО ДПМНЕ.

По двочасовната средба со осумтемина пратеници од опозицијата кои гласаа за да почне постапката за промена на Уставот, премиерот кажа дека е задоволен од средбата и се надева дека нема да се пробие рокот кој Владата го доби од Парламентот, а тоа е до петок, да се достават нацрт амандманите.

-Можам да констатирам дека разговаравме за конкретни насоки коишто ни беа дадени за делот на зајакнување на македонскиот идентитет и во делот на гаранцијата дека процесот ќе оди до крај и нема да биде блокиран од Грција, односно дека уставните амандмани ќе влезат на сила со ратификацијата со Договорот со грчкиот Парламент и за тоа како новото име ќе почне да се преименува внатрешно. Насоките ги добивме, сега ќе ги обработиме и пред да ги официјализираме, ќе имаме уште една средба со новата пратеничка група за да можат да потврдат, кажа Заев.

Премиерот напомена дека по изготвувањето на нацрт амандманите ќе следува и консултација со грчката Влада за да се потврди дека измените се во духот на Договорот од Преспа.

-Логично е кога ќе се договориме за се, да се консултираме со грчката влада, но овие барања се во духот на Договорот и со нив ќе се  разреши дилемата дали со Договорот е нарушен македонскиот идентитет или не, кажа Заев.

Заев очекува и други пратеници од опозицијата да се вклучат во процесот и да дадат подршка за уставните амандмани.

Зеќир Рамчиловиќ

Зеќир Рамчиловиќ еден од пратениците кои се дел од независната група на ВМРО ДПМНЕ по средбата во Собранието рече дека нивните предлози „во најголем дел се прифатливи за Владата“.

Осумте пратеници ги доставија следните барања:

1.Прифаќање на амандман на Уставот со кој ќе се гарантира македонскиот идентитет

2.Прифаќање на одредба на Уставот со која ќе се гарантира дека доколку Република Грција не го ратификува договорот и повторно ги попречува евро-атлантските интеграции на Република Македонија, ќе има безусловно поништување на сите прифатени уставни амандмани кои произлегуваат од имплементацијата на договорот од Преспа.

3.Постепена промена на името за внатрешна употреба, следејќи го процесот што води кон полноправно членство на РМ во ЕУ.

Во однос на четвртото нивно барање, за формирање на собраниско тело за помирување во врска со настаните од 27 април, Заев кажа дека било договорено да се формира координативно тело со кое ќе претседава Претседателот на Собранието и во кое ќе членуваат тројца членови од независната пратеничка група на ВМРО ДПМНЕ и координаторите на другите пратенички групи во Собранието.

За предлог законот за амнестија, Заев кажа дека е неприфатлив и дека сите модалитети на помирување треба да се бараат во координативното тело во Собрание.

-Законот за амнестија е начин како да се урниса целиот процес – овде во Собранието преку националното координативно тело ќе изнајдеме механизми, како да дојдеме до помирувањето. Ваквиот начин, пост фестум да се наметнуваат вакви решенија го дерогираат правниот систем во државата, рече Заев за предлог законот за амнестија што го предложи пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ.

Пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ денеска до Собранието достави предлог закон за амнестија со кој бара ослободување од кривично гонење на сите осомничени, обвинети и осудени за настаните во Собранието од 27 април.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.