Патниот правец Кочани – Македонска Каменица е во целосен прекин за секаков вид моторни возила поради големи одрони на камења и се пренасочува преку Виница – Берово и Делчево.
Како што информира АМСМ, по полноќ во целосен прекин е и магистралниот пат Штип – Делчево поради одрон од земја на местото Драката атар на Виница и е пренасочен преку село Бигла.
На патниот правец Катланово – Велес по наплатната станица Сопот, поради голем одрон, сообраќајот се одвива по една сообраќајна лента.
Поради голем одрон на патниот правец Македонски Брод-Скопје, поточно Близанско – Козјак на 1,6 километар по браната, има забрана за сообраќај за секаков вид на моторни возила.
Сообраќајот на патниот правец клучка Марвинци – Гевгелија е во прекин поради излевање на река Вардар на коловозот.
На влезот на Богданци од правец на Гевгелија, во должина од 300 метри, сообраќајот е во прекин поради експлозија во фабриката за полнење гас. Во моментов, сообраќај се одвива по стариот пат.
Сообраќајот на патните правци Кочани – Зрновци и Тработивиште – Разловци е во прекин поради попуштање на мостовите на реката Брегалница. Алтернативен пат за Тработивиште е стариот пат Делчево – Тработивиште.
Во општина Пробиштип, поради свлечиште и натаму е во прекин сообраќајот за сите видови моторни возила на патниот правец Киселица – Злетово. Возилата се пренасочени од Киселица – Пробиштип – Леговец – Злетово.
Локалниот пат за село Покрајчево кој го поврзува магистралниот пат Радовиш-Струмица, поради излевање на Радовишка Река, сообраќајот е во прекин и истиот се одвива преку с.Подареш-Радовиш.
Регионален патен правец од село Тополчани кон село Клепач поради премногу вода е во прекин за секаков вид на сообраќај.




