Published: Wednesday, December 18, 2013 13:13
Поголемиот дел од главниот град во североисточниот и централниот дел веќе еден час остана без електрична енергија.
По барање на нашите гледачи побаравме одговор од надлежните институции.
Неофицијално НОВА дознава дека станува збор за експлозија и пожар во 400 киловатна трафостаница.
Чекаме потврда на оваа информација од МЕПСО, за каков дефект се работи и дали има евентуално повредени.
Во ЕВН велат дека дефектот не е до нив и тие едноставно не можат да испорачаат електрична енергија.




