Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Дела од колекцијата на Музејот на современа уметност-Скопје во Националната галерија во Прага

0
By Marija Todorovska on March 21, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, March 21, 2024 12:31

ела од колекцијата на Музејот на современата уметност – Скопје, денеска ќе бидат претставени во Националната галерија во Прага. Изложбата „Ниедно чувство не е конечно. Колекција на солидарноста, МСУ Скопје”, првично беше прикажана минатата година во Кунстхале, Виена.

Во изменета верзија, изложбата е проширена со дела од колекцијата на МСУ од чехословачки уметници и од Националната галерија – Прага, која му донираше на МСУ дванаесет дела од класичниот модернизам.

Од вкупната уметничка колекција на МСУ, која брои повеќе од 5.300 дела, од МСУ информираат дека во Виена биле изложени 94 дела, како и 50 дела од современи уметници, вклучени во овој проект. Истиот концепт ќе биде пренесен во чешката Национална галерија и ќе бидат додадени уште 54 дела од колекцијата на МСУ.

– Колекцијата на МСУ – Скопје е толку безвремена и актуелна, фокусирана на темата за солидарноста, за која веруваме дека треба да заживее и денес. Поставката носи нова перспектива за историјата на повоената модерна уметност и ќе бидат изложени дела од значајни западни уметници кои вообичаено не можеме да ги видиме во Чешка, како, Дејвид Хокни и Ники де Сент Фал, а во исто време публиката ќе има прилика да погледне дела од „незападните“ уметници како Марија Бономи и Вифредо Лам. Паралелно, изложбата е проширена и вклучува уметнички дела од чехословачки уметници, кои не беа изложени на претходната изложба во Виена, вели кураторот Радослав Исток од Националната галерија во Прага.

Од колекцијата на МСУ, за Прага отпатуваа дела од: Пабло Пикасо, Дејвид Хокни, Петар Лубарда, Никола Мартиноски, Димитар Аврамовски Пандилов, Виктор Вазарели, Јаспер Џонс, Алекс Кац, Алберто Бури, Душан Перчинков, Анета Светиева, Александар Калдер, Глигор Стефанов, Пјер Алешински, Кристо и Жана-Клод, Томо Владимирски, Ото Лого, Димо Тодоровски, Владимир Величковиќ, Шила Хикс, Јон Григореску, Олга Јевриќ, Енрико Бај, Олга Печенко-Срженичка, Богоја Поповски, Мерет Опенхајм, Џетулио Алвиани, Ана-Ева Бергман, Роберто Мата, Золтан Кемени, Зао Ву Ки, Ана Ева Бергман, Ханс Хартунг, Емил Фила, Франтишек Музика, Честимир Кафка, Јиржи Штирски, Јозеф Јанкович, Јан Зрзави, Оршолија Дроздик и многу други.

-Поканети се и студенти по скулптура од Академијата за ликовни уметности во Прага, кои преку интерактивно студио ќе создадат дела, кои се испреплетуваат со историските настани на Скопје и денешните природни и воени катастрофи, кои честопати се искривуваат во медиумите, наведува МСУ во најавата.

Музеј на современа уметност Прага
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.