Published: Tuesday, October 15, 2013 11:31
Земјотрес со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала денеска во 6 часот и 5 минути го погоди делчевското епицентрално подрачје.
Апаратите на Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, со својата телеметриска мрежа на сеизмолошки станици во Охрид, Битола, Крушево, Штип и Валандово, и синоќа во23 часот и 44 минути регистрирале земјотрес што го погодил делчевското епицентрално подрачје.
Овој земјотрес бил со интензитет од четири степени според Европската макросеизмичка скала.




