Published: Thursday, February 12, 2015 11:09
Делегација од германскиот Парламент од денеска до сабота ќе престојува во Скопје, соопштува Амбасадата на Германија во Македонија.
„За време на нејзината посета, делегацијата под раководство на пратеникот Петер Вајс (ЦДУ) ќе се сретне со претставници од македонскиот државен врв, пратеници во македонското Собрание, претставници од опозицијата, граѓанското општество и медиумите, како и со германските политички фондации кои се овде присутни“, се вели во денешното соопштение од гернанската амбасада.




