ЕУ ќе ја финансира делницата Дреново- Градско, дел од експресниот пат Прилеп- Градско. То ќе чини 35,4 милиони евра за што е потпишан билатерален договор меѓу Министерството за транспорт и ЕУ.
Тендерот за избор на изведувач за делницата Дреново – Градско треба да заврши до крај на месецов.
Неповратната финансиска помош од ЕУ е за првата фаза од проектот. Делницата е со должина од 15 километри. Градежните работи на делницата Дреново – Градско ќе започнат до крајот на 2017 година. Проектот е планирано да се комплетира во рок од две години.
Втората фаза од експресниот пат Прилеп – Градско веќе се гради. Министерството за транспорт и врски е во преговори за обезбедување на дополнителни средства за третата фаза на потегот од Тројаци до Плетвар.
Комплетно нов експресен пат Градско Прилеп се очекува до крајот на 2019.
Европската Унија во рамките на Секторската оперативна програма за транспорт 2014 – 2020 година издвоила вкупно 108,9 милиони евра за подобрување на патната и железничката инфраструктура во земјава.
60 милиони евра од овие средства ќе бидат насочени кон пругата Крива Паланка – Деве Баир.
Останатите средства е предвидено да се распределат за други инфраструктурни проекти во земјава.

