Компанијата Балкан петролеум ја демантираше информацијата објавена во интервјуто на украинскикот амбасадор во Македонија Јуриј Гончарук на Телма, поврзана со обидите за преземање на Макпетрол.
– Инвеститорот на Balkan Petroleum Holding Limited, Александер Каплан, нема поврзаност со никаков сомнителен капитал и поврзаноста со украинскиот бизнисмен Сергеи Курченко и компанијата Ветек е неоснована.
Александер Каплан е високо искусен професионалец кој беше поканет да работи за Ветек во 2013 и работеше за компанијата само три недели (од март 2013 до април 2013) и замина од компанијата поради несогласување со сопственикот, се вели во демантот. .