Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Демант на Основен суд Скопје 2 на текст објавен на НОВА

0
By Нова ТВ on July 11, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, July 11, 2015 20:02

Основниот суд Скопје 2 испрати демант до редакцијата на НОВА, во однос на текстот „Професорите бојкотираат, судиите незаинтересирани кој ќе ги разрешува“. Во продолжение, демантот го објавуваме интегрално:

„Во однос на текстот на новинарот Саше Димовски објавен на НОВА ТВ на 10.07.2015 година, во 15:00:42 часот, поврзан со гласањето за избор на членови на Советот за утврдување на факти и покренување на постапка за утврдување на одговорност на судијата, одржано во Основниот суд Скопје 2 Скопје, во целост ги демантираме наводите во текстот во кои вели „се гласаше од 8 часот до 15 часот, но скопска двојка спротивно на времето за гласање во 14 часот го заврши гласањето“.

Согласно Упатството за гласање за Изборните одбори, донесено од Комисијата за спроведување на избори на членови на Советот за утврдување на факти и покренување на постапка за утврдување на одговорност на судија од 06.07.2015 година, Избирачкиот одбор може да го затвори гласачкото место и пред 15,00 часот, ако гласале сите судии запишани во изводот од Судскиот избирачки именик.

Имајќи го предвид наведеното, како и со оглед на тоа дека во Основниот суд Скопје 2 Скопје гласале сите присутни судии кои се запишани во изводот од Судскиот избирачки именик, Изборниот одбор во Основниот суд Скопје 2 Скопје го затвори гласачкото место пред 15 часот.

Основниот суд Скопје 2 Скопје го цени правото на слободно информирање, но не и она што е дизајнирано да ја ослаби јавната перцепција за Судот, притоа, преминувајќи ги границите на одговорно новинарство.

Од овие причини бараме овој демант да биде објавен соодветно, како што е објавен и текстот на Саше Димовски“, гласи демантот, кој НОВА го објавува на истата позиција каде што беше и текстот на новинарот Димовски.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.