Министерството за култура ги демантира наводите на Робер Алаѓозоски. Во соопштението се вели:
“Уште еднаш ќе го потсетиме Роберт Алаѓозовски и СДСМ, дека во Македонската опера и балет во изминатиот период се реализираа бројни инвестиции и крупни проекти кои се во интерес на сите вработени и уметници кои творат во оваа национална установа.
Во Македонската опера и балет, во изминатиот период беше решен статусот со трајно вработување на повеќе од 200 уметници кои во периодот на владеењето на СДСМ беа третирани со договор за дело, типично за нивното владеење. Исто така, се покачија и нивните примања за 60 проценти во масата за плати на институцијата, а двојно беа зголемени и средствата за програмски содржини кои се издвојуваат за оваа национална установа.
Министерството за култура во изминатиот период издвои 100 милиони денари за инвестиции во институцијата. Со овие средства, целосно е обновен објектот на Македонската опера и балет и тоа: променета е сценската технологија и механика, целосно е санирана покривната конструкција и фасадата, како и санитарните јазли, реновирани се и работните простории на вработените, гримиорните и канцеларискиот простор, фоајето, оркестарската школка… Направена е и посебна билетарница која е достапна за сите граѓани, а уредена е салата Империјал во која се одржуваат камерни концерти.
Сакаме да потенцираме дека со средства од буџетот на Министерството за култура, од отворањето на објектот на МОБ во 1982, годинава за првпат беше променет подот за вежбање и настапи на балетските играчи, а во тек е и реализацијата на проектот за целосна климатизација на салата и на фоајето на МОБ.
Сите овие инвестиции се во функција на вработените во Македонската опера и балет и истите беа преземени се со цел подобрување на условите за работа и статусот на уметниците, како и во насока на поквалитетна уметничка понуда за публиката која во последно време може да види и слушне далеку поквалитетни гостувачки уметници и на редовниот репертоар на оваа музичко-сценска установа.
Почитуван Алѓозовски,
Наместо да се гордеете со успесите на уметниците од Македонската опера и балет, кои само пред нецел месец беа поздравени со стоечки овации во најрепрезентативните концертни сали во Џакарта, Индонезија, Вие уште еднашбиде прифатена од нивна страна.
Жалиме што не можеме да направиме споредба со некои инвестиции од времето на СДСМ во областа на културата. Да имаше такви инвестиции, сега ќе дебатиравме што е подобро, а што не.“




