Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Демири: Брат ми е наместен во „Монструм“

0
By Нова ТВ on May 13, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, May 13, 2013 18:52

Денеска во Основниот суд Скопје 1 сведочеше братот на првообвинетиот за тероризам за Смиљковскиот масакр, Алил Демири, воен старешина вработен во АРМ, кого на 1 мај полицијата го уапси како дел од групата која беше приведена во акцијата „Монструм“, јавува порталот Плусинфо кој го следеше судското рочиште.

Сведокот, критичната ноќ, на 12 април лани кога се случи убиството бил на работа во касарната Илинден, имал дежурство од 36 часа. Со брат му Алил се сретнал следниот ден во Арачиново, биле на ручек кај нивните родители. Пред Судот потврди дека брат му Алил во Македонија не е од 24 или 25 април лани, кога последен пат го слушнал телефонски.

– Дента на 24 или 25 кога се слушнавме ми кажа дека ќе оди во Белгија, а неговиот автомобил го оставил кај вујко ми Бедри, па ми кажа после 5 дена да го земам и да го вратам кај мајка ми и татко ми. Неговиот телефон кој го оставил во колата, рече да ѝ го дадам на сестра ми. И неа полицијата заедно со мене нè уапси на 1 мај, а потоа нè ослободија – сведочеше братот на Алил Демири.

Сведокот не знаеше кај кого во Белгија имал намера да оди неговиот брат, дообјасни дека обвинетите браќа Исмаиловиќ во Белгија имале еден брат.

На прашање од судот дали некогаш го предупредил обвинетиот за тероризам Сејди Рами да не излегува од Арачиново, бидејќи во близина има полиција, сведокот потврдно одговори.

– Во еден наврат му се јавив на Сејди и го предупредив дека полицијата е кај бензинската на влезот од Арачиново. Полицијата беше со возило какво што имаме во Армијата и кола „крајслер“. Го предупредив бидејќи возилото не му беше регистрирано, па затоа кажав дека има полиција кај бензинската – објаснуваше сведокот во судницата.

И денеска главниот претрес за случајот „Монструм“ се одржа без двајцата првообвинети за тероризам Алил Демири и Африм Исмаиловиќ. Против нив минатата недела во Косово започна судски процес за оружјето кое беше пронајдено кога двајцата бегалци беа уапсени.

Судскиот порцес во Косово го води судија од ЕУЛЕКС. Нивната екстрадиција за случајот „Монструм“ најверојатно ќе се одложи на извесно време. На двајцата во Македонија им се суди во отсуство.

Текстот е превземен од новинскиот портал Плусинфо.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.