Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Демиров не е психијатриски случај – му треба медицинска помош

1
By Менче Атанасова Точи on September 21, 2017 АНАЛИЗА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Муарем Демиров, бездомникот кој наместо да биде опериран е сместен во Психијатриската болница во Бардовци не е психијатриски случај и во моментот е во многу тешка здравствена состојба поради гангрената на двете стапала добиена од студ. НОВА го пронајде на интерното одделение каде што не дочека непријатна миризба поради раните од кои му се распаднати стапалата.  Блед , со последни сили раскажа дека ниту една болница  не сакала да го прими и моли и да му се пружи медицинска помош.

„Не знам зошто не бев опериран на торакална хирургија. Јас и претходно барав помош но, нити една болница не сакаше да ме прими, имам многу болки во нозете, рече Муарем Демиров за НОВА.

И во Психијатриската болница во Бардовци потврдија дека Демиров не е психијатриски случај. Тој таму бил донесен со возило на Итната медицинска помош од Клиниката за торакална хирургија каде што требаше да биде опериран и тоа веднаш откако јавно пред камерите екс директорот Зоран Спировски и министерот Арбен Таравари ветија дека ќе биде згрижен и опериран на клиниката. Залудни биле напорите и укажувањата на раководството од Психијатриската болницата во Бардовци, дека Демиров не е за таму и барањата до Министерството за здравство и Центарот за социјални работи да биде соодветно згрижен.

„Демиров беше донесен на 8 јуни со возило на Итната медицинска помош од Клиника за тораклна хирургија. Тој не е за кај нас, не психијатриски случај. На почеток беше вознемирен, но ние го смиривме со терапија. Од Министерството за здравство баравме инструкции како да постапиме понатаму, но не добивме одговор, исто како и од Ценатрот за социјални работи што не ни одговорија, изјави за НОВА  Ќамил Ковачи директор на Психијатриската болница во Бардовци.

Од Хелсиншкиот комитет за човекови права бараат итно да му биде пружена медицинска нега, а потоа да биде соодветно згрижен, одговорност за случајот ќе бараат од министерот Таравари.  Тие денеска по кратка расправија на влезот во болницата откако не им беше дозволено да влезат успеаја да го посетат Демиров, а по што и директорот Ќамили на увид ја даде целокупната документација на пациентот.

„ Разговараме со Демиров и тој ни рече дека сака да му биде пружена медицинска нега. Ќе бараме одговорност од министерот Таравари и од психијатарот кој проценил дека требада биде пратен тука. Со оглед на фактот дека министерот даде изјава во јавноста дека пациентот ќе ја добие целосната медицинска грижа, истиот морал да биде информиран за исходот од неговото лекување и третман. Со ова е нарушено основно право на пациентот да биде лекуван само врз основа на тоа дека е бездомник“, изјави Уранија Пировска извршен директор на Хелсиншкиот комитет за човекови права.

Министерот Таравари  тврди дека Демиров имал одредени психо –органски проблеми и дека неколку пати бегал од Клиниката за торакална хирургија. Но, не објасни како можел да бега со такви нозе, кога Демиров не може да се движи. Тој најави дека веднаш ќе се заинтересира и ќе се преземат чекори за соодветно да биде третиран.

„Најодговорно тврдам дека пациентот има одреден психо органски синдром, што е психијатриска дијагноза, гарантирам и тврдам. Во текот на денешниот ден ќе се распраша и ќе се преземат соодветни активности за да биде биде соодветно згрижен, изјави министерот Арбен Таравари.

47 годишниот бездомник беше пронајден пред болницата „8 Септември“ на почетокот на јуни и откако медиумите  ја објавија сторијата надлежните ветија дека ќе му се пружи медицинска и институционална грижа. Тој во Психијатриската болница во Бардовци се наоѓа 3 и пол месеци чекајќи да му биде пружена медицинска нега и институциите да се договорат каде ќе биде згрижен понатаму.

 

 

 

 

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.