Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Демолиран Музејот на албанската азбука во Битола

0
By Нова ТВ on May 24, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Ноќеска, спроти Денот на сесловенските просветители Кирил и Методиј, непознати сторители го демолираа Музејот на албанската азбука во Битола.

Скршено е стаклото на влезната врата, насилно отворен музејот и демолирани се просториите на вториот кат каде е музејската поставка.

Уништени се витрините во кои се чуваат копии од историски документи. Скршени се и неколку прозорци од зградата, врз кои хулиганите фрлале со камења од надвор.

Полицијата направила увид и трага по сторителите.

-Искршени се стаклата на девет од единаесет витрини во кои има документи кои сведочат за формирањето на албанската азбука, а неколку витрини се превртени низ музејот, изјави директорот на НУ Музеј на албанската азбука во Битола, Газменд Хоџај.

Тој додава дека се работи само за материјална штета, но и расипување на еден државен празник, Денот на словенските просветители.

-Апелирам да не дозволиме поединци и изолирани групи да го нарушат соживотот и во градот и во државата, изјави Хоџај, кој смета дека некој се обидува да крева меѓуетнички тензии токму на денешниот празник.

Во минатото неколкупати се испишувани недолични пароли на фасадата и оштетувана е плочата поставена на зградата.

Она што е недопустиво е фактот што музејот е обезбеден само со клуч на старата дрвена врата.

Музејот на албанската азбука во Битола е отворен минатата година, сместена во објектот каде што пред 105 години се одржал познатиот Битолски конгрес на кој група албански интелектуалци ја создадоа и унифицираа денешната албанска азбука.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Белградски медиуми: Македонец е најверојатно загинатиот во експлозија во стан во Белград додека подготвувал експлозивна направа за ликвидација на дилер на дрога

October 3, 2025

Во Тирана открена најголемата мрежа за проституција во Албанија

October 3, 2025

Пропалестинските протести во Швајцарија – солзавец, водени топови, повредени

October 3, 2025

Алексиќ: Ангажирањето на Арсовска Томовска е симбол за коруптивноста на проектот „Експо 2027“

October 3, 2025

Српскиот премиер Ѓуро Мацут денеска во Скопје

October 3, 2025
ФОКУС

Трамп му се закани на Хамас: Имате рок до недела во 18 часот или пеколот ќе се урне врз вас и ослободетеги заложниците веднаш!

ВЕСТИ October 3, 2025

Американскиот претседател, Доналд Трамп во најновата денешна објава на неговата социјална мрежа Truth Social, остро…

Четири групи во Европарламентот ќе поддржат недоверба против Фон дер Лајен

October 3, 2025

Јато дронови над белгиска воена база – НАТО го вклучи алармот

October 3, 2025

30 години од атентатот врз првиот Претседател на независна Македонија Киро Глигоров

October 3, 2025
ТИКЕР

Белградски медиуми: Македонец е најверојатно загинатиот во експлозија во стан во Белград додека подготвувал експлозивна направа за ликвидација на дилер на дрога

October 3, 2025

Во Тирана открена најголемата мрежа за проституција во Албанија

October 3, 2025

Пропалестинските протести во Швајцарија – солзавец, водени топови, повредени

October 3, 2025

Алексиќ: Ангажирањето на Арсовска Томовска е симбол за коруптивноста на проектот „Експо 2027“

October 3, 2025

Српскиот премиер Ѓуро Мацут денеска во Скопје

October 3, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.