Судирите помеѓу демонстрантите и полицијата се разгоруваат, а еден полицаец е повреден. Полицијата за да ја растера толпата кај Бит- пазар фрли 30 бомби-солзавци, јавува репоретрката на НОВА, Сашка Цветковска.
Претходно, демонстрантите се обидоа да го пробијат полицискиот кордон и да влезат во судот. Тие фрлаа камења врз институцијата, а неколку прозори се веќе искршени.
Демонстрантите упатиле вербални закани и кон новинарите на кои им рекле да не снимаат.
Поворката тргна од пред Јаја Паша џамијата во скопската населба Чаир се упати кон Бит пазар, а сега е пред судот во Скопје.
Демонстрантите со себе носат пароли „Ние не сме терористи“, „Јанкуловска е терорист“, „Бараме правда“, „Чиста Албанија“, а и постојано извикуваат УЧК.
Граѓаните протестираат против максималните доживотни казни изречени за петкратното убиство кај Смилковското Езеро. Тие се организараа преку социјалните мрежи, а сметаат дека обвинението нема цврсти докази за изречените шест доживотни затворски казни.



