На петтиот ден од протестот Протестот повторно полициска блокада пред Владата. Активистите и граѓаните и денеска се собраа на булеварот Климент Охридски пред Влада за да го искажат револтот против полициската бруталност, јавува репортерката на НОВА Славица Филиповска.
Демонстрантите ги пречека полициски кордон кој не дава да поминат до објект на Владата. Н а разглас на полицајците им се обрати активостотЗдравко Савевски кој рече дека „најверојатно нивни колеги се загинати во кумановско и им посочи дека народот не е нивен непријател, туку непријатели им с етие што им даваат наредби. .
„Прашајте ја вашата совест на која страна сте во оваа борба“, рече Савевски.

Од пред Владата, демонстрантите се упатија пред зградата на Европската Унија. Бројот на демонстранти вечерва е помал од останатите денови.




