Центарот за карантин за пациентите кои се под сомнеж дека имаат ебола е нападнат и ограбен од страна на демонстрантите, во главниот град на Либерија, Монровија, а 29 пациенти избегале, соопшти полицијата, јавува Би-Би-Си.
Инцидентот се случил во густо населениот Вест Поинт, во саботата вечер.
Демонстрантите се незадоволни дека пациентите биле донесени од други делови на главниот град, рече помошник-министерот за здравство.