Антивакциналните протести во Лондон ескалираа откако демонстранти се обиделе да упаднат во зградата на „Би Би Си“ во Вајт Сити, објави „Индипендент“.
На снимките споделени на социјалната мрежа Твитер, може да се види како група демонстранти се обидува да влезе во зградата, но полициски службеници го обезбедуваат објектот.
Демонстрантите првично излегле на протест во лондонски парк.