Демонстрантите кои беа спречени да протестираат пред Собранието, спонтано решија да ја променат локацијата и во моментов се упатуваат кон плоштад Македонија. Дел од демонстрантите со боја и јајца фрлаа кон Триумфалната капија по што се упатија кон плоштадот.
Претходно демонстрантите им поделија цвеќиња на полицајците кои не им дозволија да протестираат пред Собранието и извикуваа „Кого штитите?“. Не се знае дали демонстрантите ќе останат на плоштадот или ќе се упатат кон друга локација.
На денешниот протест пред припадниците на полициските сили говореше и лидерот на Достоинство, Стојанче Ангелов. Тој им порача дека народот не е против, туку политичката елита на власт ја подели земјата.
– Овие луѓе се добри луѓе и бранители од 2001 година и знаат подобро што се случува во нашата земја и ќе се свртат против нив кога ќе дојдеме овде 100 илјади, порача Ангелов.
Полицајците претходно добија и цвеќиња како беџови на нивните штитови.