Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Демонстрантите кон полицијата: Народот не ви е непријател, туку наредбодавачите

0
By Нова ТВ on May 9, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, May 9, 2015 21:07


„Народот не е ваш непријател, непријатели ви се оние кои ви даваат наредби“, со овие зборови демонстрантите денеска во 18 часот го започнаа протестот со кој бараат одговорност за смртта на 22 годишниот Мартин Нешкоски, обраќајќи им се на полицајците кои во кордон повторно не дозволија да се протестира пред зградата на Владата.

Претходно, со едноминутно молчење граѓаните дадоа почит на загинатите полицајци во Куманово, информација за која се уште не е официјално потврдена од МВР и оставија цвеќиња пред кордонот полиција.

Потоа граѓаните по булеварот „Климент Охридски“, тргнаа кон седиштето на ЕУ во Скопје. Поголемо беше присуството на полиција и специјалци, отколку на демонстранти.

И пред зградата на ЕУ ги пречека полициски кордон. Демонстрантите побараа европските дипломати да покажат поголем ангажман за политичката ситуација во земјата и посочија дека нивното барање за оставки од највисоки државни функционери останува.

– Ние не смееме нашето барање за оставки од највисоки државни политичари да го ставиме под килим. Да ги повикаме европските дипломати да помогнат во справувањето со оваа фашистичка власт и нејзините фашистички методи, рече пред присутните активистот Никола Наумовски.

Наумовски побара и итно ослободување на деветмината студенти од кои на осум вчера им е доделена мерка притвор, а еден е во куќен притвор. Уапсените 9 студенти се товарат за кривичното дело учество во толпа и спречување на полициски службеник во работата. Тие вчера биле веднаш изнесени пред истражен судија и издадена им е мерка притвор.

– Уште полошо е што тие таму практично се заложници, условена е нивната слобода со нашиот прекин на протестите. Нивниот притвор е даден заради тоа што можат да го потврдат делото и може да се вратат на улица и да протестираат. Но, истражниот судија кој ја дал мерката притвор нема никаква основа, нема снимки како тие тепаат полицајци, посочи Наумовски.

Со оглед на денешната ситуација во Куманово, за која МВР соопшти дека утринава се случил терористички напад на група луѓе кои илегално влегле во земјава, демонстрантите по краток протест пред зградата на ЕУ се разотидоа. Протестот помина без никаков инцидент, а граѓаните посочија дека ќе продолжат секој ден во 18 часот да протестираат.
Ова е петти ден како се протестира, а четврти ден откако полицијата не дозволува да протест пред зградата на Владата.

Демонстрантите бараат оставки од министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, но и од премиерот Никола Груевски како одговорност за прикривање на смртта на младиот Мартин Нешкоски кој беше претепан до смрт за време на прославата на ВМРО-ДПМНЕ во 2011 од страна на полициски службеник.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026

И Данска се милитарилизира – воведува нова 11-месечна воена

August 4, 2026

Уште двајца починаа од повредите во ресторан во главниот град на Русуија – експлозивот бил завиткан како роденденски подарок

August 2, 2026
shortcut
ФОКУС
August 9, 2026

Сиљановска – Давкова се оградува од случајот со разузнавачот Тодоровски кој со потврда дека е осудуван беше испратен во Виена

ВЕСТИ August 9, 2026

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се оградува од именувањето на разузнавачот Киро Тодоровски за претставник на Агенцијата за разузнавање во Виена,…

25 години од погибијата на десет армиски резервисти кај Карпалак чиј конвој кукавички беше нападнат од заседа

August 8, 2026

Иран постави шест услови за САД за да го отворат Ормутскиот теснец

August 8, 2026

Триста илјади жртви на злоупотреба во француските цркви

August 7, 2026
ТИКЕР

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026

И Данска се милитарилизира – воведува нова 11-месечна воена

August 4, 2026

Уште двајца починаа од повредите во ресторан во главниот град на Русуија – експлозивот бил завиткан како роденденски подарок

August 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.