Илјадници демонстранти во моментот се обидуваат да го пробијат кордонот од специјалци пред Собранието и да го продолжат протестот кон штабот на ВМРО ДПМНЕ. Толпата од демонстранти се обидува да го пробие кордонот, тие фрлаат лименки, петарди, вода и пластични шишиња кон полицијата, јавува репортерката на НОВА Славица Филиповска.
Засега улицата Даме Груев, која води кон штабот на ВМРО ДПМНЕ е непроодна и кордот од специјалци не дозволува демонстаните да се пробијат.
Во неколку наврати настанаа силни турканици со специјалците , но ситуацијата во моментот е под контрола.
Демонстрантите во 18 часот тргнаа кон СЈО и канцеларијата на Иванов, сега од пред Собрание се обидуваат да одат кон штабот на ВМРО ДПМНЕ. Демонстрантите се со високо кренати раце кон кордонот и извикуваат„Кого штитите“. Ситуацијата од момент во момент се менува, протестото станува се помасовен.