Бугарските демонстранти кои се незадоволни од владата на премиерот Орешарски, започнаа марш долг 400 км од Софија до Црно море.
Целта на маршот е приказ на солидарност кон демонстрантите во внатрешноста на земјата и свртување на вниманието кон нив со што се пренесува порака дека протестите не се случуваат само во престолнината.
Учесниците на маршот се упатија преку Пловдив, Стара Загора, Бургас и Варна, до владината резиденција на Евксиноград на црноморското крајбрежје каде што многу од пратениците го поминуваат годишниот одмор.
Антивладините протести траат веќе 50 дена. Демонстрантите меѓу останатото бараат оставка на Владата и предвремени парламентарни избори.