Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ден кога светот ќе ја запамети македонската Влада

0
By Биљана Секуловска on August 22, 2015 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, August 22, 2015 11:03

Додека Европа последниве месеци ги исцрпува сите можности и анализи како да се справи со бегалската (не се сложувам со терминот “мигрантска”) криза на очајните, уништени луѓе кои бегаат од војните во своите земји, поголемиот дел од Сирија, македонските власти (како и претходно Унгарија и Словачка) го покажаа “вистинскиот пат”, за кој тврдат дека е поплочен со добри намери. А се разбира дека води кон пеколот.

Историјата памети ваков тип на лидери, кои со испружена рака нагоре го водат сопствениот народ во мртвата држава која ја создале, додека се останато се треби и уништува, во име на чиста нација и посветла иднина за светот.

Унгарскиот премиер Орбан веќе го гради својот ѕид за да ги спречи бегалците да помислат дека постои и најмала можност да преживеат. Словачката Влада на светот му објасни дека има само едно решение- да примат Христијански бегалци, затоа што во нивната земја не постојат џамии.

И потоа, на сцена стапи македонската Влада, која низ годините, ги полнеше светските медиуми со начинот на своето владеење и третманот кон сопствените граѓани. Овој пат, бегалската криза ја разголи сосема “демократската свест” во која се колнеше Груевски, иако секој од вас би го одбрал терминот “непостоење на елементарна човечност”, исконска потреба да се стори се, за никогаш да не бидеме сведоци на солзите на едно дете, ниту на сликата на една мајка, од чии прегратки се искорнува се што има.

На таквите мајки им се обраќа Брехт, кога во песната “На моите земјаци” ги “преколнува да се смилуваат на самите себе и војната да не ги намамува”:

Мајки, вие во чии раце почива моќта
да ја трпите војната или да ја одбиете,
О, дајте децата да ви бидат живи…

Но, на македонската Влада никогаш не и паднал во раце Брехт и неговиот очај додека ги пишувал стиховите, поразен, еден од малкумината, од злото и проклетијата на оние кои заповедаат и на кои се осудени невините.

Што велат светските медиуите за Македонија?

Би-Би-Си јавува дека “мигрантите биле враќани назад со пендреци и штитови за побуни”, а Никола Поповски, министерот за надворешни изјавил за овој медиум дека “не видел слики од тепани луѓе.”

Слична изјава за Си-Ен-Ен има и Иво Котевски, портпаролот на МВР, кој им изјавил дека “не знаел дека полицијата пуштила солзавец за да ги растера мигрантите”.

Асошејтед прес пишува дека “осум луѓе се повредени, од кои едно дете, од шрапнел од граната”.

Но, за сликата да биде целосна, Си-Ен-Ен пишува дека “за мигрантите, поминувањето низ Македонија е најопасниот дел од патувањето, затоа што има вооружени банди и Мафија.”(зборот мафија во текстот е напишан со голема буква)

“Мистрија ве молам, а не ножеви”, молеше Брехт, кој е она малку вредно што го имаме како оставено наследство, за да можеме да го преживееме овој суров, проклет свет. Така и во наследство ќе им остават денешниве, расплакани, потресени бегалци на своите поколенија- сликите на војната и уништувањата во сопствените земји и сликата на Македонија, мртвата држава, која одбрала насилство, наместо она малку душа, она малку човечност, што само може да не спаси сите нас од пустелијата која ја засади власта, омеѓувајќи ја со бодликава жица.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.