Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ден на лицата со Даунов синдром: Светот ја слушна приказната на нашиот Цако

0
By Нова ТВ on March 21, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, March 21, 2016 19:20


По повод 21-ви март, Светскиот ден посветен на лицата со Даунов синдром, во седиштето на Обединетите нации, како и секоја година, така и оваа се одржа интернационална конференција посветена токму на овој ден.

Меѓу овогодишните говорници е и Александар Матовски Цако, младо момче од Македонија со Даунов синдром, ќе имаше свој говор, во кој зборуваше за својата лична приказна.

Преку примери за неговата редовна вклученост во образовниот систем, социјалната интеграција, поддршката од институциите и околината, Александар се обиде да покаже и да истакне дека токму овие елементи се најважни во развојот на децата, младите луѓе и можноста во иднина да бидат независни и самостојни возрасни.

Матовски е роден на 3 февруари 1991 во Скопје, Македонија, како второ дете во семејството Матовски. На 3 месеци му е дијагностициран Даунов синдром. Иако за родителите ова било голем шок, тие одлучиле да се борат за нивното дете.

Од тогаш наваму тие тоа и го прават со голема поддршка од своите други две деца, поголемата ќерка Марија и помалиот син Бојан, како и своите блиски роднини и пријатели.

Од многу рана возраст Цако работи со логопед, психолог, како и воспитувачките во редовната градинка во која бил вклучен од двеипол годишна возраста. Во 1998 година тој започнува да оди во редовно основно училиште, токму во годината во која процесот на образовна инклузија беше инициран во Македонија.

Цако во 2006 година го продолжува своето образование во едно од редовните средни училишта во Скопје. Средното училиште го завршува во 2010 година, и истата година се запишува на Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ во Скопје, со што станува првиот студент со Даунов синдром во Македонија.

Денес, Цако ги завршува студиите и е еден од најистакнатите борци за човекови права и правата на лицата со Даунов синдром. Тој е член на Извршниот одбор на Центарот за младински активизам „Крик“, кој работи со лица со попреченост и се фокусира на интеграција во општеството. Тој е исто така активен член на Трисомија 21 – Скопје и Центар за Даунов синдром Македонија. Цако беше практикант во НВО „Моја кариера“ во периодот декември 2015 – февруари 2016 година, каде што работеше на мапирање на сите лица со попреченост во Македонија.

Учествувал во голем број проекти посветени на лицата со посебни потреби на локално ниво: „Activate talks“, во организација на УНИЦЕФ и Младинскиот образовен форум, „Инклузивен танцов фестивал“, во организација на Tрисомија 21 и Dancers Unted MK, „Бал на различности“ и многу други. На меѓународно ниво, тој беше дел од Европскиот волонтерски сервис (ЕВС) во „Олде Вехте Фондацијата“ во Омен, Холандија во периодот јули – август 2013 година. Во септември 2013 година Цако беше претставник на УНИЦЕФ на работната средба за развој на пост – 2015 агенда за лица со инвалидитет, во Истанбул, Турција.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Албанија ита кон ЕУ – на масата на обврските ѝ се 700 реформи

April 10, 2026

Штрајк во Луфтханза – откажани летови и хаос за илјадници патници

April 10, 2026

На косовската претедателка Османи ѝ заврши мандатот

April 4, 2026

Израел воведе смртна казна што ги таргетира Палестинците, но не и Израелците

March 31, 2026

Вучиќ прогласи победа на локалните избори 

March 30, 2026
ФОКУС
April 12, 2026

Орбан му честиташе на Петер Маѓар: Тиса со двотретинско мнозинство победи на изборите во Унгарија

ВЕСТИ April 12, 2026

Унгарскиот премиер Виктор Орбан телефонски му ја честиташе изборната победа на лидерот на Тиса, Петер…

Унгарија: Орбан во политичка историја

April 12, 2026

Будумпешта: Опозицијата во надежна попбеда на потсизборен митинг

April 12, 2026

Американските и иранските претставници го напуштија Исламабад

April 12, 2026
ТИКЕР

Албанија ита кон ЕУ – на масата на обврските ѝ се 700 реформи

April 10, 2026

Штрајк во Луфтханза – откажани летови и хаос за илјадници патници

April 10, 2026

На косовската претедателка Османи ѝ заврши мандатот

April 4, 2026

Израел воведе смртна казна што ги таргетира Палестинците, но не и Израелците

March 31, 2026

Вучиќ прогласи победа на локалните избори 

March 30, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.