Во Македонија денеска е ден на жалост поради трагичната хеликоптерска несреќа во која животот го загубија четворица припадници на Министерството за внатршени работи – началникот на хеликоптерската единица Драги Мицев и пилотите Марјан Трајковиќ, Тоде Орешков и Иљо Лопатички.
Марјан Трајковиќ беше погребан вчера во Куманово, додека Мицев, Орешков и Лопатички ќе бидат погребани денеска во Скопје.
Несреќата во која загинаа припадниците на хеликоптерската единица на МВР се случи во четвртокот околу 22 часот во близина на Струмица, за време на ноќен тренажен лет, кога леталото удрило во антенски столб на Македонската радиодифузија висок 120 метри. Хеликоптерот МИ17-V5 летал на релација Скопје – Кавадарци – Валандово – Струмица – Берово – Делчево и обратно.
Комеморативна седница по повод трагичната несреќа на четворицата пилоти на Министерството за внатрешни работи на Република Македонија вчера беше одржана во Домот на АРМ во Скопје.
– Имињата на Драги, Иљо, Маријан и Тоде ќе бидат дел од колективното паметење на сите што живеат на овие простори и ќе останат светол пример за сите идни генерации. Република Македонија и МВР загубија извонредни професионалци и големи патриоти, а нивните семејства изгубија чуствителни сопружници, грижливи татковци и горди синови и браќа, рече во своето обраќање помошникот – началник на Централните полициски сили Сашо Митевски.
Тројца од пилотите се погребани денеска во Скопје, а погребот на Марјан Трајковиќ беше вчера во Куманово.
Несреќата во која загинаа припадниците на хелихоптерската единица на МВР се случи минатата недела, во четвртокот, околу 22 часот во близина на Струмица, за време на ноќен тренажен лет, кога леталото удрило во антенски столб на Македонската радиодифузија висок 120 метри.
Во меѓувреме беше формирана комисија која ќе треба да ги открие причините за уривањето на хеликоптерот во Струмица, загинаа четворица при што загинаа припадници на МВР- Драги Мицев, Маријан Трајковиќ, Тоде Орешков и Иљо Лопатички.
Комисијата ќе ја води Јавното обвинителство, а во неа членуваат стручни лица од МВР, од Крим техника, хеликоптерската единица и СВР Струмица.
Според првичните информации на МВР, причина за несреќата е ударот на хеликоптерот во антенски столб во висина од 120 метри, за кој допрва ќе се истражува дали бил соодветно обележан.
Станува збор за хеликоптер од типот MI-17V5 со регистарски ознаки мап 7712 и приспособена ноќна визуелизација. Последната сервисна проверка покажала дека хеликоптерот е во најдобар ред.
.jpg)
Животот го загубија Драги Мицев роден 1969 година во Струмица, началник – пилот на хеликоптерската единица со работен стаж од 34 години,
Марјан Трајковиќ роден 1967 година во Куманово, пилот – капетан со работен стаж од 37 години,
Тоде Орешков роден 1970 година во Рожден – Кавадарци, воздухопловен инспектор за лиценцирање на воздухопловен персонал – пилот со работен стаж од 36 години и
Иљо Лопатички роден 1968 година во Битола, командир – пилот со работен стаж од 36 години.






