Управата за хидрометеоролошки работи соопшти дека денеска и во понеделник претпладне ќе има извесно зголемување на облачноста со услови за провејување на слаб снег во јужните делови.
Потоа до среда ќе преовладува претежно стабилно и суво време, а во четврток се очекуваат локални врнежи од дожд и снег.
Утринските температури и натаму ќе бидат повисоки во споредба со оние од претходните два дена.
Од АМСМ соопштија дека сообраќајот на патниот правец А3 Прилеп – Битола – Ресен преку Обиколница Битола е во прекин поради свлечиште и сообраќајот се пренасочува преку градот Битола.
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови и по наместа влажни коловози. Поради ниските температури можна е појава на голомразица.
Во клисурите и засеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – М.Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово-Дебар-Струга, Д.Капија – Удово, Катланово-Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен-Буково.