Пратениците денеска ќе расправаат за реконструкцијата на Владата.
Заев освен премиер ќе биде и министер за финансии, за нов министер за земјоделство е предложен Трајан Димковски , Насер Нуредини за животна средина и просторно планирање, Хусни Исмаили за култура, Горан Милевски за локална самоуправа, Садула Дураки за политички систем и односи меѓу заедниците.
Заев најави дека ќе бидат рзрешени и повќе од 200 директори на централно ниво, членови на управни одбори, надзорни одбори, директори на локално ниво..
„Голем дел од незадоволството беше концентрирано кон високи функционери кои ги нарекуваа и локални шерифи. Дел се политички функционери од СДСМ, каде се завршија големи промени, почнувајќи од најниско ниво, односно претседатели на општинските организации, извршниот одбор, централниот извршен одбор, дел од потпретседателите се нови каде сме во финална фаза, директорските места се тие каде што допираат граѓаните и секако од министерските места и дел од заменичките министерски места, што ќе се случат во периодот што претстои.
Јасно ја доловив пораката од граѓаните каде лежи незадоволството и секако дадов шанса на одредени министри кои имаат поголем капацитет и можат да го покажат. Верувам дека успешно го завршуваме тој процес. На самиот крај ќе ги очекуваме и следните решенија што ќе се случат на директорски места на централно ниво, во делот на управни одбор, надзорни одбори, на подрачните единици, директорски места на локално ниво. Комплетно ќе се работи за севкупна политичка и општествена промена на повеќе од 200 луѓе“, рече премиерот.
Тој исто така најави дека доколку бидат перформансите доволно добри ќе има зголемување на пензиите од 1 јануари 2020 година.




