Четворица нови сведоци на Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал ќе дадат исказ на денешното рочиште за случајот „Рекет“ што се води против првообвинетиот Бојан Јовановски и второобвинетата Катица Јанева.
Во судницата на Кривичниот суд се најавени Лила Филиповска, Весна Костовска, Сања Димовска и Агапи Дика. Во такво својство досега беа и поранешните обвинители од СЈО, Елизабета Јосифовска, Лиле Стефанова и Бурим Рустеми, бизнисменот Јордан Камчев, неговата сопруга Ана Камчева, сметководителката во приватните фирми на Камчеви, новинарот Христијан Баневски од 1ТВ и други.
Судењето за „Рекет“ пред Кривичниот суд го води судијката Васка Николовска-Масевска, додека обвинението го застапува обвинителката Вилма Рускоска.