Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

За датум за избори ќе се одлучува наредната недела

0
By Нова ТВ on May 12, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

За нов датум за предвремените парламентарни избори ќе треба да се почека најмалку до наредната недела за кога е најавена нова лидерска средба кај претседателот Стево Пендаровски.

На средбата на лидерите на полтичките партии одржана кај претседателот Стево Пендаровски договорено е во меѓувраме  владата да комуницира со мисијата на ОБСЕ/ОДИХР во однос на можноста да се следат изборите, и со Комисијата за заразни болести која треба да дефинира протоколи за однесување за време на изборите. Шефот на државата Стево Пендаровски од сцојуа страна презема обврска да организира состанок со Државната изборна комисија на која ќе се обиде да добие усогласен став за термините за одржување на изборите.

Дури потоа, како што вели Мицкоски, „можеме да зборуваме за изборен датум“.

Заев пак ја обвини опозицијата дека „не била спремна да разговара за изборен датум“, и дека на тој начин „купува време“ за да го избегне поразот.

На состанокот не е одлучено дали ќе се продолжи вонрредната сотојба која истекува на 16 мај. Заев, во изјавата по состанокот, не ја исклучи можноста да се прогласи и покуса вонредна состојба на една или две недели, во зависност од тоа кога ќе се одржат изборите. Според Заев ДИК треба да продолжи со своите акттивности за организирање онаму каде што застана веднаш по укинување на вонредната состојба.

„Ако нема трета вонредна состојба, тоа значи дека изборите се на 8 јуни. Ако се прогласи нова, изборите би биле на 7 јули. Ако се направи покуса вонредна состојба од две седмици, тогаш на 21 јуни“, рече Заев.

Мицковски од своја страна вели дека не сака да лицитира со датуми.

“Доколку се претвори ова во лицитација тогаш треба да бидеме чесни како политичари да кажеме пред граѓаните ова што го зборуваме за вашето здравје не важи нас ни се важни фотељјите важни ни се пратеничките министерските позиции и тогаш ова што го зборувавме до сега беше лицемерно“, рече Мицкоски.

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети рече дека остава на лекарите и епидемиолозите да дадат препораки дали и кога ќе можат да се одржат изборите.

 

избори лидерска средба
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.