Косовската полиција ќе ги објави првичните резултати од истрагата за убиството на Оливер Ивановиќ.
Косовскиот обвинител кој ја води истрагата, најави дека во резултатите се вклучени снимки од безбедносни камери, детали за запалениот автомобил како и форензички докази.
Српското обвинителство за организиран криминал покрена и сопствена предистражна постапка, а од српското министерство за внатрешни работи соопштија дека досега не добиле никаков одговор на барањето српската полиција да биде дел од истрагата за убиството.