Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Денеска се враќаат пет пациенти од лекување во странство

0
By Marija Todorovska on March 26, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Бројот на пациенти кои се лекуваат во странство во моментов е 113, а се очекува во текот на денот да се вратат уште пет пациенти кои беа повредени во пожарот во дискотеката во Кочани – четири од Шпанија и еден од Грција, информира денеска на прес-конференција министерот за здравство Арбен Травари.

За оние кои се лекуваа надвор од државата имаме добри вести. Денеска веќе не се бројка 115 туку 113 што се лекуваат. Вчера еден пациент е вратен од Србија и една пациентка е вратена од Бугарија. Денеска се враќаат пет пациенти, четворица од Шпанија и еден од Грција, со тоа до крајот на денот 108 пациенти ќе бидат на лекување во странство, рече Таравари на прес-конференцијата.

Тој додаде дека најавени се уште четири пациенти за враќање, но за тоа утре дополнително ќе информираат.

Пациентите кои денеска се враќаат ќе бидат минимум под 24-часовен надзор според протоколот. Доколку конзилиумот од доктори одлучи дека треба да се пуштаат дома, ќе бидат пуштени на домашно лекување или ќе останат на лекување на некоја од клиниките.

Во здравствените центри во државата тој кажа дека во моментов се лекуваат 23 пациенти повредени во пожарот во Кочани, а повеќе од 20 се пуштени на домашно лекување. Во Клиничкиот центар се само четворица, двајца на Клиниката за пластична хирургија, двајца на Токсикологија, девет пациенти се во Градската болница „8 Септември“ од кои еден е за испис и во Систина се лекуваат четворица пациенти. Сите овие пациенти се стабилни и во добра состојба.

Таравари кажа дека пациентите кои се сместени во домашните болници во наредните денови ќе информираат кога ќе бидат пуштени дома. Очекува дека повеќе од половината од нив следните 5-6 дена да бидат испишани, а оние што се оперирани ќе треба подолг период да бидат задржани во болницата.

На новинарско прашање Таравари кажа дека најголем дел од пациентите кои се враќаат денеска се со изгореници. Потврди дека кај четворицата пациенти во критична состојба кои се на лекување во странство, состојбата засега и натаму е многу тешка, но стабилна.

Пациентите кои ќе притигнуваат од странство, засега нагласи министерот, ќе бидат прифаќани низ клиниките.

Во меѓувреме веќе имаме понуди од одредени држави на тие кои се потешки пациенти и на кои им треба рехабилитација подолго време, евентуално да престојуваат подолго време надвор од државата. Но и тука планираме да направиме во внатрешноста некој центар за пациентите на кои ќе им треба подолга рехабилитација. Во моментот се уште немаме одредено центар, но размислуваме за 2-3 можни опции. Ќе ве известиме штом донесеме одлука како кризен штаб, рече министерот за здравство Таравари.

изгореници Кочани лекување пожар странство Таравари
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.