Денес започнува еден од најпрестижните тениски турнири што се играат на трева – Вимблдон.
Очекувањата се дека првото коло нема да претставува голем предизвик за фаворитите. Светскиот рекет број еден, Јаник Синер, утре ќе го одигра својот прв меч против сонародникот Нарди. Шпанецот Карлос Алкараз веќе денес ќе се соочи со искусниот Фабио Фоњини, додека за македонската публика посебен интерес предизвикува настапот на Новак Ѓоковиќ, кој утре ќе се сретне со Чилеанецот Милер.
Во женската конкуренција, водечката на ВТА листата, Арина Сабаленка, денес ќе ги започне настапите против Канаѓанката Бранстин. Американската тенисерка Коко Гауф утре ќе се сретне со Јастремска, а домашната надеж и миленичка на британската публика, Ема Радукану, ќе го отвори турнирот со дуел против својата сонародничка Минге Сју.