Ексцентричната кошаркарска ѕвезда Денис Родман и неколку други поранешни играчи во НБА се на пат да земат учество во контроверзниот кошаркарски натпревар во Северна Кореја на роденденот на младиот, непредвидлив лидер Ким Јонг-Ун, јавува Си-Ен-Ен.
Пријателскиот натпревар е планиран за среда, кога Ким се верува дека полни 31 година и со тоа роденденот ќе му го одбележат голем број на НБА олдтајмери.
Тоа се случува само неколку недели откако Северна Кореја го шокираше светот со објавувањето на чистка и егзекуцијата на еднаш моќниот тетин на Ким.
Дарен Принц, агентот на Родман веќе 16 години, изјави за Си-Ен-Ен во неделата дека Кени Андерсон, Клиф Робинсон, Вин Бејкер, Крег Хоџис, Даг Кристи, и Чарлс Д. Смит ќе играат против Северна Кореја, односно сениорскиот национален тим.
“Не го знам точно времето на игра, но јас верувам дека тоа е во вечерните часови”, рече тој.
Тоа ќе биде четврта посета на Родман во таинствената и изолирана нација, дел од проектот кој тој ја опишува како “кошарка дипломатија”.
Американскиот Стејт департмент вели дека нема ништо со посетите на Родман на Северна Кореја и дека вниманието треба да се фокусира на бруталноста на режимот на Ким.
ВИДЕО: Архивска снимка на дружењето на Родман и Ун