НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

0
By Marija Todorovska on August 18, 2025 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Малески позира како умерен реалист, но неговите колумни не нудат ништо повеќе од „интелектуално“ покритие за руските пропагандни наративи. Во суштина, тоа е опасна апологија на политиката на додворување кон агресорите, со бришење на Украина како субјект и легитимизација на воените злосторства на Путин.

Џабир Дерала

Нема дилеми. Малески само позира како умерен реалист, но всушност ја брани политиката на додворување – најмногу кон воениот злосторник Путин. Неговата позиција е одбрана на познатите руски воено-пропагандни наративи и ништо повеќе. Еве зошто.

Илузијата на „мир преку признавање“

Во својата најнова колумна „На Алјаска, Трамп ја промовира Русија во голема светска сила“ (Либертас, 18.8.2025), професорот и поранешен министер за надворешни работи, Денко Малески, го велича самитот на Доналд Трамп со Владимир Путин во Алјаска како пресврт кон мир, бидејќи САД „конечно ја признале Русија за голема сила“. За него, „смелиот чекор“ на Трамп наводно ја заменува конфронтацијата со дипломатија и нуди „нова шанса за светски мир“. За многумина ова беше непријатно изненадување, но ако се погледне подлабоко, ќе се види дека ова е само дел од една длабоко вкоренета идеолошка матрица.

Оваа нарација не е ништо повеќе од препарирана верзија на старата доктрина на додворување на агресорите и диктаторите (appeasement). Со величањето на наводниот прагматизам на Трамп, Малески ги рецитира кремљовските мантри: Русија како жртва на западното понижување, Путин како неразбран државник, а Украина како жетон што треба да се жртвува за илузијата на стабилност.

Лажната аналогија: Куба, Мексико и НАТО

Малески го повторува одамна истрошениот и разобличен кремљовски аргумент, повикувајќи се на Кубанската ракетна криза од 1962, прашувајќи: Ќе прифатеше ли Америка кинески бази во Мексико?

Ова е класичен пример на логичката заблуда позната како whataboutism – префрлање на вниманието со споредби кои не се валидни.

Тој целосно занемарува еден очигледен факт. Членството во НАТО не е окупација, туку слободен избор на суверени држави кои вложуваат големи напори да се зачленат во Алијансата, со слободна волја избираат да се грижат за својата безбедност во колективно тело, токму поради опасноста од руска инвазија. Изедначувањето на доброволните сојузи со непријателски ракетни бази е свесна манипулација – пропагандно клише за да се прикаже руската агресија како „одбрана“.

Ова не е случајност, не е ниту неинформираност – се работи за искусен дипломат и универзитетски професор! Кој, ете, решил да се разголи пред јавноста и да мавта со истрошени руски пропагандни наративи во кои веќе никој не верува.

„Лудиот што донесе мир“ – опасен мит

Малески оди уште подалеку, велејќи дека токму „лудиот, непредвидлив“ Трамп е, сепак, единствениот лидер кој решил да ја сопре војната со дипломатија. Европа ја претставува како арогантна, милитантна и слепа, додека Трамп и Путин ги прикажува како вистински реалисти кои сфатиле дека „војната повеќе не е опција“.

Ова не е трезвена анализа, туку е ода на капитулацијата, маскирана во лажен реализам. Во визијата на Малески, мир е можен само ако Украина ги прифати условите на Русија:

  • признавање на нелегалните анексии;
  • принудна неутралност и разоружување на Украина;
  • прекројување на европскиот поредок според московски диктат.

И тоа е мир!? Не. Тоа е легализација на војната на агресија, воените злосторства и геноцидот. Вовед во нова серија воени агресии за освојување територии и бришење на цели држави и нации од картата на светот.

Главниот проблем: Бришење на Украина

Најзагрижувачки аспект на текстот на Малески е – практично – поддршка на идејата за бришење на Украина како субјект.

Руската војна против Украина не е некоја шаховска партија меѓу „големи сили“. Тоа е геноцидна агресија против суверена држава. Сведувањето на Украина на жетон во „големата игра“ меѓу Вашингтон и Москва значи прифаќање на светогледот на Путин: дека малите народи мора да се покорат на империите.

Кога Малески цитира дека „силните прават што можат, а слабите што мораат“, тој зборува како да не постојат меѓународно право, човекови права и Повелбата на ООН, каде што беше постојан и претставник на нашата земја во периодот 1993-1997. Оваа логика на покорување пред суровата сила наспроти меѓународното право е истата што ја доведе Европа до катастрофите во 20 век. Прифаќањето на таквиот став денес е крајно неодговорно.

Додворувањето никогаш не носи мир

Да бидеме јасни: кога ја напишав колумната Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија за медиумската платформа на ЦИВИЛ, тоа го сторив за да нагласам дека лекциите од Минхен, Јалта и сите претходни неуспеси на додворувањето мора да нè водат кон нивно надминување – а не да се повторуваат.

Европските лидери се во право кога предупредуваат дека опасноста од војна со Русија е реална. Тие ги научија лекциите од историјата: додворувањето секогаш само го охрабрува агресорот. Од Минхен, 1938, до Јалта, 1945, па преку Чеченија, Грузија, Сирија и денес Украина – Русија секогаш профитирала од западната снисходливост и попуштање. Визијата на Малески се состои во опасно продолжување на истиот трагичен шаблон – привиден мир со долгорочни катастрофални последици.

Опасно „интелектуално“ покритие за агресијата

Денко Малески се претставува себеси како мудар реалист надвор од идеолошките битки. Но, споменатата колумна, а и претходната, всушност, обезбедуваат „интелектуално“ покритие за геноцидниот експанзионизам на Путин и за суетата на Трамп. Несфатливо лесното жртвување на Украина како цена за „светскиот мир“ не е ништо друго освен студен и бесчувствителен цинизам кон 20.000 украински деца што ги киднапира рускиот агресор, сите деца што загинаа под ракетниот терор, сите жени што беа мачени и силувани, воените заробеници на кои пред камери им беа сечени главите на живо, сите цивили што загинаа и гинат само затоа што се Украинци…

Мирот никогаш не може да се постигне ако агресорот се награди со отстапки и давање легитимитет на пропагандните наративи и „оправданија“ за војната. Патот кон мирот е поплочен со солидарност, поддршка на жртвата на агресија, со изведување на воените злосторници пред лицето на правдата и со одбрана на вредностите што го прават мирот одржлив: демократија, суверенитет и правда. Сè друго не е реализам, туку соучесништво.

Секој што предлага капитулација пред Путин, без оглед дали се крие зад „реализам“ или „нов почеток“, всушност, ја брани логиката на тиранија, геноцид и уништување.

Текстот е сопственост на ЦивилМедиа 
Денко Малески Русија Украина Џабир Дерала
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025

Анкета на Ројтерс/Ипсос: Повеќето Американци веруваат дека сите членки на ОН треба да ја признаат Палестина

August 21, 2025

Малолетници фрлиле камења врз автобус со српски туристи во близина на Солун, повредени три лица

August 21, 2025

Ураганот Ерин ја погоди Северна Каролина, силни ветришта и бранови направија штети

August 21, 2025

Грција ќе го надгради граничниот премин Евзони

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.