Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Денот кога Скопје не беше Скопје

0
By Zoran Ivanov on July 30, 2025 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, July 30, 2025 21:42

Товарам, се качувам продолжувам накај Топанско. Требаше да однесам еден компјутер за една девојка која поради одредени причини работи само од дома. Се снајдов по тоа лавиринитите и стигнав за кратко. Таму, ме чека нејзиниот брат. Се поздравуваме, му го давам уредот и ми вика чекај. Вади од ранец две мали подарочиња. –Ова за тебе и за сопругата! – А не сте морале, не треба ништо да ми подарувате. –Треба, треба многу повеќе ама толку имавме. Треба за ова што го работите оти никој друг не би се нафатил по Скопје да ни донесе “алат” бесплатно до дома.

Борче Стаменов

Сабајлево, тргнавме на редовен преглед во Чаир. Се бев припремил за урлање, сечење коловозни ленти, претекнување без сигнализација, нервозни утрински шофери, пешаци кои претрчуваат таму кај шо не смее и фраери у црни автомобили кои те гледаат онака, аристократски од високо со регистрации на кои пишува СК БИГ 27. Влегувам у кола тргнувам, сите мирни. Наидувам на свртување кое не е означено и си мислам: заглавивме, ќе поминеме у петок. Кога оп! Некој подзастанува и ми блиндира за да поминам.

Немогуче – си викам.

Замавнувам со рака за благодарам.

Стигнуваме во болницата, ја оставам Оле, пошо мене ионака нема да ме пуштат да влезам. Имав договорено да преземам 4 епл уреди од една компанија. Сум бил во тоа “маало” и скоро секогаш сум се мачел и сум кружел повеќе време за да не ги влечам компјутерите. Влегувам на паркинг кој е само за станари. Немам појма у кој влез е фирмата пошо имам само адреса. Стои некој на тераса ме глеа се штуткам и вика: да не ти треба паркинг?

– Даа ми треба само на десетина минути да товарам комп….

Компјутери, дааа знам ја познав колата. Моето место е потаму, празно е слободно паркирај. Шифрата за влез е таа и таа.

– Најфала на цел свет!

Уживај, продолжете со тоа што го правите!

Товарам, се качувам продолжувам накај Топанско. Требаше да однесам еден компјутер за една девојка која поради одредени причини работи само од дома.

Се снајдов по тоа лавиринитите и стигнав за кратко. Таму, ме чека нејзиниот брат. Се поздравуваме, му го давам уредот и ми вика чекај. Вади од ранец две мали подарочиња.

Ова за тебе и за сопругата!

– Ама не сте морале, не треба ништо да ми подарувате.

Треба, треба многу повеќе ама толку имавме. Треба за ова што го работите оти никој друг не би се нафатил по Скопје да ни донесе “алат” бесплатно до дома. Сестра ми не може да се симне ама да знаете дека многу ви е благодарна.

Се качувам ја у кола и ја вадам “трепката” која ми влезе у око. Тргнувам пак накај Чаир. Ајде си викам, пак ќе се борам сеа. Чудесии, сите семафори зелено, сообраќајот тече како некоја река. Како влегувам во двор да паркирам, се ослободува едно место. Застанувам, палам цигара и седнувам на една клупа. До мене на соседната клупа имаше едни баба и дедо, добро може беа и помлади. Ја гледаат Донка и нешто си праат муабет и си се насмевнуваат. Ја одговорав на некои пораки на вибер и слушам ме викаат:

Дечко, дечко дојди малку.

– Здраво.

Вие сте тие кои донираат компјутери? Ве гледав на телевизија пред некој ден. Исто и имавте објавено некое писмо за донации од компании и тоа некако стигна до мене.

– Да, да. Тие сме.

Сакам да ви стиснам рака. Сакам да ви честитам на таа упорност што ја имате и работите толку многу без лична корист. За државата нема ништо да кажам оти знаеме каде живееме кога една држава дошла до таму да функционира од донации. Се надевам дека ќе успеете во вашата замисла и цел кои сте си ги зацртале пред себе. Нешто од горе ви дава сила во тоа сум сигурен. Штом сте овде верувам очекувате принова. Среќно ќе биде тоа дете кога има вакви родители за пример. Нема да ве задржувам повеќе, само ќе ви посакам да имате сила, здравје и среќа да издржите и вие и вашето семејство.

– Ви благодарам најмногу за муабетов

Се поздравивме и ние си тргнавме.

Од таму бев до Лисиче, кај семејство на кое му имаме донирано компјутер. Не се знаеме, прв пат се гледаме. Стигнувам на адреса, ме чекаат мама и малиот на порта.

– Официјално, јас сум Боре.

Стои малиот пред мене и вика: јас само сакав да ви се заблагодарам за компјутерот и да ви дадеме два наши стари кои вие можете да ги поправите и да ги дадете на некој друг. Влегува уште една “трепка” у око.

По него од другата врата излегува уште едно дете.

Јас само сакав да ве запознаам и да ви го дадам мојот стар таблет.

– Ејјј бравооо.

Товарам ја у кола, околу мене среќа и “трепки и прашина” на сите страни. Ставам наочари, ја палам Донка и заминуваме пресреќни што ете некаде сме донеле среќа, од некаде земаме друга и ја расфрламе низ цела држава но најважно од се, сме дале убав пример. Ви благодарам луѓенца добри.

Од Фејсбук ѕидот на авторот

белешка борче стаменов импресија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.