Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Денот потоа

0
By Нова ТВ on January 15, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, January 15, 2019 13:51

Пишува Златко Теодосиевски

Фамозниот ден потоа, денот кога се будиме повторно како Македонци, ама (велат) северни – ништо специјално. И снегот и студот се уште тука, појадокот повторно како кој милува – некој чорба, шкембе или телешка, може и бурек, некој овесни снегулки – секојдневието и понатаму ќе тече според ритамот што му го наметнуваме. Нема катастрофи и катаклизми, нема „пропаст света“, пак истата Македонија, само (божем) Северна, не’ чека пред вратите. Со истите проблеми и стравови, но и надежи, очекувања.

Додавката не сменила ништо суштинско, барем не видливо. А ќе смени, не се сомневам, но на подобро, а не според оние црни сценарија што ни ги товареа неколкумина божемни патриоти, стручњаци, научници. Те ништо немало да биде исто, те ќе имало економски проблеми, те ќе имало онакви проблеми … бог да чува од прост и неук народ! Колку само пати од 1945 година се смени името на државата со разноразни додавки и – еве сме повторно, со уште една, овојпат географска. И никому не му фали ништо, освен на простацине кои сега останаа без омилениот им главен предмет на ширење на страв и омраза кај луѓето.

Се разбира, неопходни се многу нешта човек да се соочи со предизвиците на новото време / новата историја. Неопходна е и несекојдневна смелост на една генерација политичари да се зафатат со решавање на можеби најболните прашања во историјата на земјата, на визионерски начин, убедени во исправноста на историските потези. Можевме ли да ја влечеме приказнава со името уште цела една деценија, две, три … ? Се разбира – можевме. Како што, на пример, да го немаше Германија Јоханес Бел во 1919 година да го потпише Версајскиот договор за крај на Првата светска војна, или Јодл да не ја потпишал капитулацијата на Германија на 7 мај 1945 година, уште колку жртви ќе однесеа овие две војни? Или, ако сакате, да имало некој малку попаметен во Јапонија во истата таа 1945 година, ќе се случеа ли Хирошима и Нагасаки?

Да, споредбите се можеби брутални, ама зарем ние не бевме во слична катастрофично безизлезна ситуација со Грција сиве овие години и зарем и нам не ни требаше една или неколку ладни глави да заклучат што треба да се (на)прави? И дека натамошни „жртви“ не се потребни? Што пак, за жал, не’ враќа на некои други неодамнешни историски патеки / паралели наназад дваесетина години, кога тие генерации го немаа ни потребното визионерство, уште помалку потребната храброст да се соочат со вистинската ситуација и да ги преземат неопходните чекори, колку и да тие изгледале радикални во некаков историски континуитет. Затоа, впрочем, велат и дека секој го дава својот удел толку колку што умее и може, а историјата ги памети само храбрите!

А оваа денешна ситуација можеби не можевме да ја имаме баш во 1993 година, ама сигурно можевме во 1995/6/7/8 … година? Или можевме, ако не повеќе, барем да ја започнеме, нели? И ќе си заштедевме (сосема благ израз!) дваесетина години турбуленции, штети, понижувања, осиромашување, (е)миграции … што ќе рече: целосно уназадување на земјата, особено на економски план. А сигурно ќе ја немавме ни онаа криминална банда на грбот толку години! Затоа и мислам дека треба полека, разумно, но низ диоптријата на денешната призма – историски, политички и на секој друг начин – да ги преоценуваме многуте години што ги оставивме зад себе како години на јад и беда кои што, убеден сум, можеа да бидат поинакви. Можеа да бидат поинакви само да имавме порешителни, помудри и поподготвени политичари, а не провинцијални коцкари со судбината на државата и народот! И кои стравуваа, или не умееа да ги повлечат вистинските потези. Да, знам, многумина, особено некои од се’ уште живите „играчи“ од тоа време ќе демонстрира и ќе рече дека тогаш не било зрело времето. Ма немој, а беше за сите други попаметни од нас, нели? Не, драги мои, вие не бевте зрели за времето. Ако го чекаме времето, тоа за вас / нас никогаш нема да узрее. Заев не го чекаше, нели? Но, сосема истите квалификации, само проширени и со други епитети од типот на неуки, тесногледни, плашливи, лукративни … можеме да ги упатиме и на претставниците на сегашната т.н. македонска опозиција која дефинитивно ни се прикажа во вистинската светлина на малограѓанска, простачка, тврдокорна, регресивна збирштина на луѓе зајавани на националистичкото магаре што дефинитивно ги носи на депонијата на историјата.

Велат дека записниците, документите, договорите … евентуално го покажуваат она за што сме се договориле, со себе или со другиот. А се обидуваат да го сокријат сето она помеѓу што било грдо, нечисто, непријатно. И веројатно е така, а во нашиот случај имаше многу, многу грди нешта, имаше многу и грди луѓе кои се обидуваа(т) да профитираат од општата несреќа. Но и нив и нивните недела историјата ги бележи на еден или на друг начин, ако не повеќе тогаш преку устни кажувања! А и тие се богами долготрајни. Преспанскиот договор со текот на времето можеби навистина ќе ги избрише сите нечистотии што се случуваа помеѓу двете држави потписнички. Можеби и треба, за да не ги оптоварува идните генерации.

Но, како и секогаш, има едно, или повеќе „но“. Односно, ако денов потоа е речиси идентичен на оној претходно без оглед на историските случувања во македонскиот Прламент, тоа не значи и дека така треба да остане. Разлика мора да има, не само во формата – името – туку во суштината. Ако таа, суштината, изостане, ќе се распадне и формата односно ќе биде тотално непотребна. Ако Преспанскиот договор не резултира во натамошни напори на власта во насоката на коренити внатрешни промени кои што понатаму ќе ја водат земјата кон ветеното ЕУ и НАТО утре, сиот напор, сите визии и на оваа генерација македонски политичари ќе бидат како и ланскиот снег. Само она друго утре, она ветеното пред една година и нешто може да ја направи суштинската разлика. Ама и за тоа треба смели, умни, работливи луѓе на вистинските места. Инаку, Преспанскиот договор ќе остане само уште едно мртво слово на хартија, а такви оваа земја ги има премногу!

*Текстот е преземен од неговиот блог Теодосиевски: За уметноста

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.