Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Депонијата „Дрисла“ казнета со 8.500 евра за палење медицински отпад

1
By Нова ТВ on January 4, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Јавното претпријатие „Дрисла“ ќе плати казна од 8.500 евра поради тоа што државните инспектори за заштита на животната средина констатирале дека имало надминување на штетните концетрации во воздухот при согорувањето на медицинскиот отпад.

Претпријатието доби обврска до средината на февруари да вгради соодветни филтри.

– Според законот казната се движи до 25 илјади евра. Прекршочната комисија донесе спогодбена одлука депонијата да се казни со 8.500 евра. Се постапи по Законот за амбинтален воздух. Јавното претпријатие треба во рок од 90 дена да постави филтри и да го реши проблемот, рече Мирослав Богдановски, директорот на Државниот инспекторат за животна средина и додаде дека медицински отпад може да согорува само осум часа во денот, не во три смени како што било претходно.

Палењето на медицинскиот отпад ќе се врши до средината на февруари само по три часа дневно, и тоа само кога има поволни метеоролошки услови.

– Немаме резервна варијанта за тој медицински отпад и може да настане многу поголем проблем во однос на складирање и постапување со него. Целиот медицински отпад од Македонија се носи во „Дрисла“ и може да настане голем проблем, рече Богдановски.

Директорот истакна дека инспекторатот спровел 15 вонредни инспекциски надзори во Скопје и во Тетово согласно Законот за квалитет на амбиенталниот воздух и дека постапка за спогодување е поведена само против „Дрисла“,  а во изминатите три години немало ниту една санкција за ниту еден правен субјект

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.