Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Дерала предупредува на опасен преседан против слободата на говорот во пресудата од судскиот спор со Мицкоски

0
By Ана Василевска on June 27, 2023 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Христијан Мицкоски
Христијан Мицкоски
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Уредникот и новинар Џабир Дерала очекува сериозно да се разгледа случајот со првостепената неправосилна пресуда во полза на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за клевета, бидејќи, како што вели, политичарот ја злоупотребува пресудата во остварувањето на цели насочени против слободата на говорот и демократијата.

Според новинарот, нападот на Мицкоски има карактер на лична пресметка, но целта е да се дискредитираат и заплашат неистомислениците, а особено носителите на прогресивните идеи и ставови.

„Вака изгледа срамот од лагите на власта, уште еднаш осудени се дека клеветат. На големиот христијански празник Прочка водеа кампања со лаги, навреди и измислици по кој знае кој пат овие пет години, против мене и моето семејство. Сакаа да ме изедначат со нив и претстават како политички профитер и криминалец. За таа цел СДСМ и ДУИ ги вклучија сите свои медиумски слуги да ме навредуваат мене и честа на моето семејство со лаги, измислици и конструкции. На тој подол начин мислеа дека ќе спечалат на краток рок некој политички поен. Не успеаја…, а денес ја добив пресудата во прв степен, а еден од тие медиумски слуги е осуден дека сторил клевета, со изнесување невистини и се задолжува на негов трошок да ја објави пресудата во еден дневен весник. www.frontline.mk го прекршил членот од 8 од ЕКЧП како и кодексот на новинари на Македонија. Можеби мала утеха, но доволна за лична сатисфакција…“, напиша Мицкоски на социјалните мрежи на 20 јуни, по објавата на првостепената пресуда.

Во анализата на Дерала се наведува дека во оваа објава постојат опасни преседани кои може да имаат долготрајно негативно влијание врз работата на медиумите и слободата на говорот воопшто.

Најпрвин заради употребата на изразот „лагите на власта“ – дали е тоа наследството од Груевски, според кого медиумите „природно“ ѝ припаѓаа на власта. Односно не се прави разлика меѓу медиуми, граѓанско општество и власт, што беше одлика на ‘заробената држава’ од 2016 година.

Дел од забелешките е и невоздржувањето од поигрување со религиозните чувства на граѓаните. Споменувањето „голем христијански празник“ е целосно неважно во целиот контекст и според Дерала ова има за цел да испровоцира говор на омраза по верска основа, манипулирајќи со верските чувства на граѓанките и граѓаните.

Уредникот појаснува дека сè започнало со еден текст што е пренесен на неколку портали, па и на оние во тој е одговорното лице, но поради реакцијата на Мицкоски, со која тој навредувал, клеветел и се заканувал не добил извинување за текстот.

Воедно, се критикува и спорниот дел од неговата фејсбук објава каде Мицкоски сам пишува дека во „спорните“ објави бил наречен профитер и криминалец, а такви тврдења во текстот нема.

Понатаму, политизирајќи ги нештата Мицкоски обвинува дека зад текстот стојат медиумски слуги и се служат со „лаги, измислици и конструкции“. Дерала коментира дека Мицкоски сака да биде главен опозиционер, но има голем проблем со критиката. Токму од овие причини новинарот го поставува прашањето дали и тој да покрене тужба заради ваквите квалификации.

Дерала вели дека негова должност е да ја алармира јавноста дека таргетот не е само јас, туку слободата на говорот. Најголемата опасност и преседан, според новинарот, е што Мицкоски го потенцира фактот од пресудата, која во еден дел се темели на Конвенцијата за заштита на човекови права, поточно членот 8: ‘Секој човек има право на почитување на неговиот приватен и семеен живот, домот и преписката. Јавната власт не смее да се меша во остварувањето на ова право, освен ако тоа мешање е предвидено со закон и ако претставува мерка која е во интерес на државната и јавната безбедност, економската благосостојба на земјата, заштитата на поредокот и спречувањето на кривични дела, заштитата на здравјето и моралот, или заштитата на правата и слободите на другите, во едно демократско општество’.

-Ова значи дека секој што некогаш ќе се осмели во иднина да напише нешто што не му одговара на Мицкоски или било кој друг политичар, може да биде суден и осуден според овој член, па нека се работи и за пренесена изјава или текст, за што во македонските закони не е предвидена одговорност. Јас не можам, дури и да сакам, да ги повредам човековите права на Мицкоски. Напротив, тој има позиција која тоа му го дозволува, пишува Дерала.

Д. Е.

слобода на говор Христијан Мицкоски Џабир Дерала
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

ВЕСТИ October 6, 2025

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со…

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.