Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Десет извонредни архитектонски дизајни ширум светот

0
By Нова ТВ on February 7, 2014 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Од Нова Шкотска до Северна Кореја, неколку специфични објекти ќе бидат претставени оваа година кои ветуваат одлична година за архитектонскиот дизајн во 2014. Во оваа листа се претставени извонредни структури, вклучувајќи ја и првата „невидлива“ кула, како и вертикалниот град во небото.

„Манси круг“ во Гуангжу

Италијанската фирма АМ Прогети неодамна го комплетираше овој облакодер, кој е наречен „Крофна“, јужниот град Гуангжу во Кина. Внатрешниот дел е уникатен во градбата, и има дијаметар од речиси 50 метри. Архитектите велат дека сакале да создадат обележје кое ќе му пркоси на западниот стереотип за облакодер, а објектот е инспириран од традицијата на фенг шуи.

„Цитаделата“

Со векови, Холанѓаните преработуваа земјиште од водите на морето за да се изградат становите на ниските терени. Архитектонската фирма „Вотерстудио“ одлучија да ја прегрнат водата наместо да се борат против неа, и го дизајнираа првиот во светот лебдечки комплекс – Цитаделата. Објектот треба да биде завршен во декември, и ќе има 60 луксузни апартмани со големи тераси и паркинг простори.

Културниот центар „Харбин“

Оваа заоблена, органска структура, се наоѓа во североисточниот дел на Кина и опкружена со реки. За разлика од повеќето други центри на култура, таа не е во срцето на градот, туку се стреми да се приклучи на уметноста и природата во интегрирана животната средина.

Зградата „Лиденхол“

Впечатливиот облакодер, наречен „Чизгрејтер“ поради неговата карактеристична форма, е непропустливо обележје во хоризонтот на Лондон. Ова е најнов објект во култура на вонредни згради во Лондон.

Кулата „Шангај“

Заоблените агли на објектот му овозможуваат да се спротивстави на тајфуните кои често го погодуваат Шангај. Заоблената фасада и спиралната форма се исто така наменети да ја симболизираат динамиката на модерна Кина. 632 метри високата структура се планира да се заврши подоцна годинава.

Пазарот во Ротердам

Структурата во облик на тунел во холандскиот град Ротердам е дизајниран како хибрид помеѓу отворен пазар, и станбен објект. Проектот е дел од процесот на регенерација во центарот на градот, кој беше оштетен во бомбардирањето при Втората светска војна.

Кулата „Бесконечност“

Овој револуционерен 450 метри висок облакодер има за цел да стане првата во светот „невидлива“ зграда во Сеул, Јужна Кореја. Планот е да се постигне илузија со помош на „high-tech“ фасаден систем, кој користи серија од камери, за да испратат слики во реално време врз рефлективната површина на зградата.
Кулата ќе има прилагодливо ниво на моќ, давајќи различни нивоа на невидливост.

Централната библиотека Халифакс

Библиотеката во канадскиот град Халифакс, Нова Шкотска, има за цел да стане културен столб во втората најмалата провинција во Канада.

„Скај Сити“

Оваа структура ќе стане највисоката зграда на Земјата со неверојатни 838 метри. Инвеститорот тврди дека кулата може да се изгради во само неколку месеци, наместо неколку години благодарение на префабрикуван дизајн. Оваа вертикална град во Чангша, централна Кина, ќе ја има највисоката урбана густина во светот.

Рајгјонг Хотел

Највисоката градба во Северна Кореја се крева „заканувачки“ 330 метри над Пјонгјанг, а е во изградба повеќе од две децении. Градбата целосно беше прекината по колапсот на Советскиот Сојуз во 1992 година, но продолжи во 2008. Пирамидалната зграда, наречена „Хотел на пропаста“, се планира да се заврши оваа година.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

ВЕСТИ October 6, 2025

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со…

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.