Десетгодишно девојче доцна вечерва е извадено живо по 15 часа поминати под рушевните во Арквата дел Тронто, провинција на провинција на Асколи Пичено, јавуваат италијанските медиуми. Нејзината сестра не успеала да преживее.
Најмалку 120 луѓе загинаа во земјотресот кој го зафати централниот дел на Италија, но се стравува дека бројот на загинати е многу поголем бидејќи во градот Аматриче имало многу туристи. Италијанската Влада утре ќе прогласи вонредна состојба.